Васка Танева Дуганова ( во Гевгелија — во ) — македонски комунистички деец, првоборец, правник, политичар и носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис

Таа била тутунова работничка. Му припаѓала на напредното младинско движење уште пред Војната. Во октомври 1941 година била кандидат на КПЈ. Собирала народна помош, растурала илегален материјал и била курир на МК КПЈ - Гевrелија и ПК КПЈ. Имала голем успех во опфаќањето на младинците во НОД. лево|мини|200x200пкс|Васка Дуганова е носител на Партизанската споменица 1941. Како приправник на комунистичкото движење во 1938 година и член на КПЈ (од март 1942 година), во НОАВМ била борец од април 1943 година во партизанскиот одред „Сава Михајлов“. Била политички комесар на баталјонот „Страшо Пинџур“, а потоа ѝ во Втората македонска ударна бригада. Била комесар на баталјон на Четвртата македонска ударна бригада. Станала член на ПК на СКОЈ за Македонија (од август 1944 година). По ослободувањето била член на АСНОМ (од април 1945 година), завршила правен факултет и извршувала разни политички функции: организационен секретар на ПК на СКОЈ за Македонија, член на Претседателството на Централниот совет на ССМ (1958-1967 година), претседател на Социјално-здравствениот совет на СРМ, претседател на Конференцијата за општествена активност за жените на Македонија и на Југославија. Член на ЦК на СКМ и ЦК на СКЈ, пратеник во Републичкото и Сојузното собрание, претседател на Претседателството на РК на ССРМ и друго. Носител е на Партизанска споменица (1941 година) и на повеќе други одликувања.

Наводи

Литература

Една младост во виорот на војната - Васка Дуганова

Надворешни врски

Интервју со Васка Дуганова На денешен ден почина македонската партизанка и државничка Васка Дуганова Vaska Duganova: makedonska heroina - на српски Македонските хероини

Категорија:Политичари од Гевгелија Категорија:Правници од Гевгелија Категорија:Македонски партизани Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941