Изложбен центар на „Матка“ — технолошки музеј, прв од таков вид на територијата на Македонија.Музејот на ЕВН во туристичка понуда на Скопје: Хидроцентралата Матка произведува струја од 1938 година Се наоѓа под браната „Св. Андреја“ во близина на селото Матка, Скопско.

Опис Музејот се наоѓа во старата хидроцентрала на Матка проектирана од страна на Миладин Пеќинар во периодот 1935-1938 година. Во 2016 година објектот бил реновиран и пренаменет во изложбен простор, кој бил отворен на 10 мај 2017 година.

Поставка Во поставката на изложбаниот центар можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа, реални компоненти на електроенергетски сиситем како и уникатни образовни експонати изработени специјално за центарот и наменети за учење преку интеракција.

Темите кои ги опфаќаат експонатите се: историја на електрификација на Македонија историја на хидроцентралата Матка поим за електрицитет и електрична енергија електро-енергетски систем обновлива енергија: хидроенергија, сончева енергија, ветер енергетска ефикасност

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Музеи во Скопје Категорија:Матка (село) Категорија:Електростопанство во Македонија