Црквата Свети Павле и Петар (; Surp Poghos-Petros yekeghetsi) била ерменска апостолска црква во Ереван, Ерменија изградена во периодот на 5-6 век. Црквата била срушена во ноември 1930 година за да се направи простор за киното „Москва“, на улица Абовјан.
Историја Според ерменскиот историчар Каро Гафадарјан, црквата Свети Петар и Павле била најголема и најстара црква во стариот Ереван. Не била единствената црква во стариот Ереван, бидејќи кога во 607 година новоизбраниот католикос на Ерменија Абрахам I одржал собир во градот Двин, ги поканил свештениците од територијата што ја контролирало Византиснкото Царство, како и двајца свештеници од Ереван, што укажува на фактот дека во Ерменија во тоа време постоеле барем две големи цркви. Во текот на 17 век, францускиот патописец Жан Шардин го посетил Ереван, и во своите описи на градот споменал дека постојат голем број цркви во стариот Ереван, но не ја споменал оваа црква.
Во 1679 година, голем земјотрес го погодил Ереван кој уништил поголем дел од градот и бројни згради и градби во околината. Меѓу тие градби била и оваа црква. Дел од источната регија на црквата преживеал, а останатиот дел набрзо бил обновен од урнатините. Новата реконструирана црква го зачувала старото име, и останала посветена на истите светци.Saint Paul and Peter Church in Armenian Holy Apostolic Church, Araratian Patriarchal Diocese
Не постојат познати историски наводи за обновувањето на црквата Свети Петар и Павле, но се смета дека црквата е реконструирана кон крајот на 17 век. Гафадарјан ги пронашол годините 1691 и 1692 изрезбани на некои од хачкарите кои биле вградени во источните и северните ѕидови на црквата. Врз основа на уште два натписа, Гафадарјан заклучил дека подоцна биле повторно вршени реставрации. Првиот натпис, кој се наоѓа на лакот од јужната фасада, кажува дека црквата е обновена во 1778 година, додека во вториот натпис, најден на северниот ѕид, се наведува дека црквата била обновена во 1820 година со финансиска помош на населението од градот.Karo Ghafadaryan, Երևանի միջնադարյան հուշարձանները, վիմական արձանագրությունները ‘‘(Monuments and lapidary inscriptions of Medieval Yerevan)’’, 1975, Yerevan, pp. 159-160
Уривање Во ноември 1930 година, црквата Свети Петар и Павле била урната од страна на советскиот режим за да се изгради киното Москва. Многу хачкари и други верски градби, како цркви, капели и светилишта, биле уништени ширум земјата во текот на советскиот период за да се елиминира религијата која комунистичкиот режим не ја поддржувал. Некои фрагменти на ѕидовите од црквата преживеале до денес, и сега се наоѓаат во Историскиот музеј во Ереван и во Историскиот музеј на Ерменија.
Новата црква и јавната контроверза На 25 февруари 2010 година, ерменската влада го одобрила предлог проектот за преземање на раководењето со киното „Москва“ и за присвојување на земјиштето на кое во моментот се наоѓало ова кино и отворениот кино-театар на улицата Абовјан во корист на Ечмијазданската катедрала, а со цел да се изгради нова црква на местото на некогашната црква Свети Петар и Павле.Old destination, new church: Government approves plan for another house of worship armenianow.com Проект за изградба на нова црква Официјално мрежно место на Владата на Република Ерменија
Оваа одлука предизвикала негодување кај граѓаните. Откако планот бил објавен, група граѓани се собрале под мотото „Да го зачуваме театарот на отворено”, група која броела околу 5.000 членови. Тие собрале повеќе од 18.000 потписи во текот на петицијата, чија цел била да се запре проектот. Групата се обратила до католикосот Карекин II Ерменски, како и до ерменскиот премиер Тигран Саргсјан, повикувајќи ги на темелна јавна расправа во врска со проектот,Маријана Григорјан: Архитектонската дебата во Ереван Eurasianet но групата не добила никаков одговор.Статија за отворениот театар , armenianow.com
Многумина ерменски архитекти и интелектуалци зборувале јавно во одбрана на театарот на отворено. Повеќе од 60 ерменски интелектуалци испратиле отворено писмо до премиерот Саргсјан со барање да се ревидира одлуката за изградба на црква на местото на театарот на отворено.Статија за театарот Некои критичари овој проект го гледале како мешање на Ерменската апостолска црква во државните работи, а како одговор на тоа, претставници на Ерменската црква ги обвиниле своите критичари дека „немаат должно почитување кон Бога”.Статија во врска со киното Москва , armenianow.com Сепак, плановите биле подоцна повлечени, поради недостаток на простор на таа локација.Адвокатите на киното Москва ја оспоруваат одлуката armenianow.com, 6. April 2010.
Галерија
Поврзано
Историја на Ереван
Наводи
(ерменски) ՍԲ. ՊՈՂՈՍ-ՊԵՏՐՈՍ од Лјусија Аракелјан
Литература
Karo Ghafadaryan, Երևանի միջնադարյան հուշարձանները, վիմական արձանագրությունները (Споменици и натписи на средновековен Ереван), 1975, Ереван Yervand Shahaziz, Հին Երեվանը (Стар Ереван), Mughni Publishing, 2003, Yerevan
Надворешни врски
Категорија:Статии со надворешни врски на ерменски Категорија:Згради и градби во Ереван Категорија:Цркви од 4 век Категорија:Цркви во Ерменија