мини|десно|Барограф во куќиште мини|десно|Анероидни капсули поврзани со писалка мини|десно|Барограф без куќиште

Барограф – метеоролошки инструмент за регистрација на промените на атмосферскиот притисок. Работи на принципот на барометар кому му е додаден уред за регистрација.

Видови барографи Како и барометрите, барографите се делат на метални и барометри со жива.

Метален барограф Металниот барограф според Ришар се состои од неколку споени анероидни капсули со кои е поврзана писалката. Промените на притисокот вршат промена на димензиите на капсулите и писалката ги бележи промените на хартиена лента обвиена околу валјак. Валјакот многу бавно ротира со помош на сатен механизам и на овој начин се добива постојан запис.

Валјакот се врти еднаш дневно или еднаш седмично, зависно од изведбата на уредот. Добиената крива се нарекува барограм.

Живин барограф Живините барографи се поточни. Тие имаат пливка на површината на живата споена со писалката. Површината на живата ја менува висината зависно од атмосферскиот притисок. Постојат и конструкции на живини барографи на принципот на вага, или отчитување на висината на живата на фотоелектричен или фотографски начин.

Употреба Барографот се користи во метеоролошки станици, а при аеролошки мерења тој е составен дел на метеорографот. Исто така се користи и во авионите за мерење на висината.

Поврзано Барометар

Надворешни врски

Литература Војна енциклопедија, Београд, 1970., књига прва, pp. 494.

Категорија:Метеорологија Категорија:Мерни инструменти Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Метеоролошка опрема