мини|десно|350п|Страница на тајландскиот сончев календар за август 2004 г. (2547 г. б.е.). Дадени се и месечевите датуми.

Тајландски сончев календар (, мак. тр. патитин суријакати, „сончев календар“) — календар усвоен од кралот Чулалонгкорн (Рама V) in 1888 г. н.е. како сијамска (тајландска) варијанта на грегоријанскиот календар. Воведен е како замена за дотогашниот тајландски месечев календар како службен во државата, иако стариот и понатаму се употребува за верските и народните празници. Годините денес се сметаат по будистичката ера (б.е.) , (путасакарат), кој е 543 години понапред од нашата ера (по Христа).

Години Сијамците (Тајланѓаните) користеле два календара — свештен и народен. Се смета дека народната или нижа ера (, чула сакарат ) е воведена со воведувањето на будизмот, and corresponds to традиционалниот бурмански календар (скратено м.е. или б.е. што не е исто со будистичката ера, која е свештена.)

Ратанакосинска ера Кралот Чулалонгкорн издал указ за промена во народното сметање на датумите според новата ратанакосинската ера (, ратанакосин сок скрат ร.ศ. или р.с.) во 1889 н.е. Епохата за првата година почнува од април 1782, односно устоличувањето на Рама I, втемелувањето на династијата Чакри и основањето на Бангкок (Ратанакосин) како престолнина. За да се добие европскиот грегоријански датум, на р.с. му се додава 1781 за адатуми од април до декември и 1782 за датуми од јануари до март.

Будистичка ера Свештениот календар по будистичката ера за почеток (нулта година) го зема 11 март 543 г. п.н.е. — денот кога починал Гаутама Буда. Кралот Вачиравуд (Рама VI) го сменил сметањето на годините на оваа будистичка ера (б.е.) и ја повратил почетната година на 1 април in 2455 г. б.е. (1912 г. н.е.).

Нова Година Новата Година со која почнува календарската година која првично е совпадната со пресметаниот датум за Сонгкран, кога Сонцето ќе го премине соѕвездието овен — првиот знак од зодијакот според сидералната астрологија: така, годината почнувала на 11 април 1822 г. Според претходно споменатото, Рама VI го вратил почетокот на годината на 1 април во 2455 г. б.е. (1912 г. н.е.).

На 6 септември 1940 г. премиерот Плек Пибунсонгкрам дал указ со кој 1 јануари 1941 г. станува почетокот на 2484 б.е., така што претходната година имала само девет месеци. З да се претворат датумите од 1 јануари до 31 март пред таа година, се одзема или додава бројот 542; во друг случај, тоа е бројот 543. На пример:

Месец 1–3 4–6 7–9 10–12 1–3 4–6 7–9 10–12 1–3 4–6 7–9 10–12 1–3 4–6 7–9 10–12 1939 1940 19411942 2481 2482 2483 2484 2485 тајски месец 10-12 1-3 4–6 7–9 10-12 1-3 4–6 7–9 1-3 4-6 7-9 10-12 1-3 4-6 7-9 10-12

Денес во Тајланд се одбележуваат две нови години како државни празници: грегоријанската (1 јануари) и традиционалната тајландска Нова Година (, сонгкран) (13–15 април). Во традиционалниот тајландски календар, смената на следното животно од кинескиот зодијак се случува на традиционалната нова година (денес утврдено на 13 април.) Кинеското малцинство во Тајланд го следи кинескиот календар и ја одбележува кинеската Нова Година со следното животно според дванаесетгодишниот циклус.

Месеци Месеците во овој календар се изведени од хороскопските знаци во хиндуистичката астрологија. Месеците со по триесет дена завршуваат на -ајон (, од санскритскиот корен ајана), а оние со триесет и еден ден завшуваат на -аком (, од санскритското агама). Обете наставки значат „доаѓање“ или „пристигање“.

февруари завршува на -пан (, од санскритското банда, „окован“ или „заробен“). Дополнителниот ден на февруари во престапна година се нарекува атикасуратин ( или (, од санскритските адика „дополнителен“; и сура“ „преместување“).Thai2english.com

+Месеци во тајландскиот календарМакедонски Тајландски Изговор Санскритски поим Хороскопски знакјануари มกราคม ม.ค. макара-ком јарецфевруари กุมภาพันธ์ ก.พ. кумпа-пан кумба водолијамарт มีนาคม มี.ค. мина-ком мина рибиаприл เมษายน เม.ย. меса-јон меша овенмај พฤษภาคม พ.ค. присапа-ком вришаба бикјуни มิถุนายน มิ.ย. митуна-јон митуна близнацијули กรกฎาคม ก.ค. каракада-ком карката ракавгуст สิงหาคม ส.ค. синга-ком сина лавсептември กันยายน ก.ย.канја-јон канја девицаоктомври ตุลาคม ต.ค. тула-ком тула ваганоември พฤศจิกายน พ.ย. присатика-јон вришчика скорпијадекември ธันวาคม ธ.ค. танва-ком дану стрелец

Поврзано Будистички календар Државни празници во Тајланд

Наводи

Литература Eade, John Christopher. 1995. The Calendrical Systems of Mainland South-East Asia. Handbuch der Orientalistik: Dritte Abteilung, Südostasien 9. Leiden and New York: E. J. Brill. na Nakorn, Bleung (comp.). . นายเปลื้อง ณ นคร ผู้รวบรวม ปทานุกรมนักเรียน ไทยวัฒนาพานิช กทม. Student's Handbook. Bangkok: Thai Wattana Panit, 2514. Sethaputra, So. 1999. New Model English - Thai Dictionary''. [Krung Thep Maha Nakhon?: Thai Watthana Phanit?]. Тајландски календар за август 2004 г.

Надворешни врски Тајско сметање на времето — Ентони Дилер Тајландскиот месечев/сончев календар (2300-2584 г. б.е.) Претворање од тајландски во грегоријански датуми

Категорија:Календари Категорија:Тајландска култура Категорија:Поединечни календари Категорија:Сончеви календари