мини|Македонска пивтија Пача () или пивтија () – вид јадење сварено од нозете или од главата на свиња или говедо. Пачата е традиционално јадење на Балканскиот Полуостров и во Турција, Азербејџан, Ерменија, Авганистан, Иран, Ирак и Монголија, веројатно со многу древно потекло. Турците за подготвување на пача користат јагнешка глава и нозе.

Во Македонија, пачата е дел од традиционалната трпеза и вообичаено се служи ладна, како предјадење или мезе, додека некогаш и како главно јадење. Се спрема во зимските месеци, особено за Божик и Водици.

Наводи

Категорија:Храна Категорија:Македонска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Турцизми