Симит-погача — јадење односно печиво од тесто во вид сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна (празна) пита без заире - полнење (сирење, месо или слично), која наликува на бурек. Потеклото на името е од турските зборови: симит кое се однесува на месеното лепче и погача кое се однесува на питата која се става во внатрешноста на лепчето. Бидејќи симитот е вид на месено лебно печиво, ваквиот вид на симит погача е препознатлив за Скопје, па оттаму е познат и како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е месеното лепче налик на македонскиот ѓеврек.

Галерија

</center>

Надворешни врски Рецепт за симит-погача на семрежното место на Мои рецепти

Категорија:Јадења Категорија:Скопје Категорија:Македонска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Турцизми