СанскритРаспоред на летната испитна сесија за 2010 г. — Институт за класични студии на УКИМ ( saṃskṛtā vāk, кратко saṃskṛtam) — стар индоевропски јазик од индоиранската група јазици кој е класичен јазик на Индискиот Потконтинент. Санскрит е литургиски јазик на хиндуизмот, будизмот, сикизмот, џаинизмот и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија.
Историја Потекло и развој Санскрит припаѓа на семејството на индоевропски јазици. Претставува еден од трите најстари документирани јазици кои се развиле од еден заеднички предок, кој денес се нарекува праиндоевропски јазик: Ведски санскрит ( 1500–500 п.н.е.). Микенски ( 1450 п.н.е.) и Старогрчки ( 750–400 п.н.е.). Хетитски ( 1750–1200 п.н.е.).
Други индоевропски јазици кои се далечно поврзани со санскрит се статолатинскиот и класичниот латински јазик ( 600 п.н.е.–100 н.е., италски јазици), готскиот (архаичен германски јазик, ), старонордискиот ( 200 н.е. и потоа), староавестискиот () и младоавестискиот ( 900 н.е.). For detailed comparison of the languages, see pp. 90–126. Најблиски сродни јазици на ведскиот санскрит се нуристанските јазици во регионот на Хиндукуш во североисточен Афганистан и северозападните Хималаи, како и изумрените авестиски и староперсиски јазик – и двата од групата на ирански јазици. Санскритот припаѓа на сатемската група на индоевропски јазици.
Научниците од колонијалниот период запознаени со латинскиот и старогрчкиот јазик биле изненадени од сличноста на јазикот санскрит, и во неговиот вокабулар и во граматиката, со класичните јазици во Европа. Во The Oxford Introduction to Proto-Indo-European and the Proto-Indo-European World, Мелори и Адамс ја илустрираат сличноста со следниве примери на когнати (во табелата се додадени и староанглиски и старословенски за понатамошна споредба): ПИЕ Англиски Староанглиски Латински Грчки Старословенски СанскритПоимник*méh₂tēr mother mōdor māter mētēr мати mātár-мајка*ph₂tḗr father fæder pater patēr - pitár-татко*bʰréh₂tēr brother brōþor frāter phreter братръ bhrā́tar-брат*swésōr sister sweoster soror eor сестра svásar-сестра*suHnús son sunu - hyiós синь sūnú-син*dʰugh₂tḗr daughter dohtor - thugátēr дъщи duhitár-ќерка*gʷṓws cow cū bōs bous говѧдо gáu-крава, говедо*demh₂- tame, timber tam, timber domus dom- домъ dām-куќа, дом
Наводи
Извори
Поврзано
Индоариски јазици Деванагари Индоирански јазици
Категорија:Индоариски јазици Категорија:Јазици во Индија