Предраг Пајиќ (роден на во Скопје) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на Кожув.

Клупска кариера Сезоната 2011/12 бил вардаров играч и таму ја започнал професионалната кариера. Во сезоната 2012/13, Предраг Пајиќ повторно ја поминал во Вардар. Но тогаш Вардар завршил на последното и Пајиќ со Вардар отпаднале од елитата. Сезоната 2013/14, Пајиќ ја започнал во новиот прволигаш Вардар Апаве. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига. Во сезоната 2014/15, Пајиќ потпишал за Фени Индустри. Сезоната 2015/16, исто така ја поминал во кавадаречкиот клуб. Сезоната 2016/17, Предраг продолжил да настапува во Фени Индустри. Тогаш тој станал вицепрвак во Купот 2017. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени. Следната сезона, Пајиќ останал во Фени. Пајиќ ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20.

Успеси Признанија Особен придонес во сезоната 2017/18

Наводи

Надворешни врски Профил на Предраг Пајиќ на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје