Нова џамија — џамија во долнореканското село Ростуше. Џамијата е сместена во средишниот дел од селото, на околу стотина метри од сретселото.
Архитектура Градбата на џамијата има квадратна основа и е покриена со лимен кров со купола во среднишниот дел. Ѕидовите на џамијата содржат повеќе издолжени копјести прозорци, а аглите на ѕидовите се заоблени. Џамијата е бојадисана во светложолта боја со неколку истакнати столбчести делови кои се со светлокафеава боја. Минарето е обоено во бела боја, а се одликува со тоа што шерефето е покриено со покривна конструкција.
Поврзано Стара џамија Ростуше Дебарско муфтиство
Надворешни врски
Категорија:Ростуше Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Дебарското муфтиство