Свети Илија — манастирска црква во долнореканското село Битуше. Црквата се наоѓа во крајниот североисточен дел од селото, на неколку стотина метри од соседното село Велебрдо.
Контроверзија При изградбата на црквата, пред олтарот било изѕидано култното место каде што во минатото верниците му палеле свеќи на Свети Илија. Надлежниот митрополит г. Тимотеј одбил истата да ја освети сè додека изѕиданото место не биде срушено, што наишло на незадоволство кај месното население, така што црквата останала неосветена.„"Св. Илија" во Битуше Е, ама и НЕ Е црква “. Вечер. 26 ноември 2004.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Секоја страна од куполата содржи монофора, а на повеќе места од ѕидовите на црквата има слепи ниши, вклучувајќи ја и полукружната апсида на источниот ѕид. Над влезната врата има трифорен облик, при што поголемиот среден дел всушност претставува монофора. Црквата во целост е изградена од камен и е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата има споменик на пет загинати борци во Народноослободителната борба.
Галерија
Поврзано Битуше Дебарско-кичевска епархија Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Битуше Битуше