Стара Загора — град во Јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина и на Старозагорската Област. Има население од околу 136.183 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Меѓу најстарите градови во Северна Тракија. Околу 14 км од центарот на градот се наоѓа националниот балнеолошки центар Старозагорски Минерални Бањи. Во градот е основан најстариот театар во Северна Тракија — драмскиот театар „Гео Милев“.
По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле значаен број на Македонци, денес негирани од бугарската пропаганда.
Географија Градот е расположен во јужните падини на Срнена Средна Гора, со премин кон југ кон Старозагорско Поле – источниот дел на Горнотракиска Низина, крај реката Бедечка, со просечна надморска височина од 196 m. Се наоѓа на 234 км по асфалтен пат и 250 км по железнички пат од главниот град Софија, на 102 км од Пловдив, на 288 км од Варна и на 172 км од Бургас.
Клима Климата на градската територија е преодноконтинентална, со влијание од Средоземно Море. Преку зимата времето е поблаго и потопло во споредба со градовите во Тракиската Низина, бидејќи Средна Гора го штити градот од студените северни и североисточни ветрови. Во реонот виреат ретко среќавани во Бугарија егзотични дрвесни видови како магнолија, кедар, смоква, лавр (дафиново дрво), нар, бадем, рајско јаболко, кипарис. Просечната годишна температура е 12,9 °C (просечна јануарска +1 °C и просечна јулска +23,9 °C), со просечна годишна сума на врнежи од 598 мм. Северозападно од Стара Загора, на околу 16 км, се наоѓаат Старозагорски Минерални Бањи, а северно од градот, на околу 15 км, има уште еден минерален извор во селото Јагода.
Историја Низ историјата градот имал различни имиња, меѓу кои: Берое, Августа Трајана''', Иринеполис, Боруј, Ески Загра и др. Најраните траги од цивилизација датираат од 7-от милениум п.н.е.„Виж Стара Загора преди 8000 години“ Некои научници веруваат дека античкиот тракиски град Берое се наоѓал токму на местото на денешна Стара Загора. Во 1968 година во градот биле откриени неолитски живеалишта од средината на 6-от милениум п.н.е., кои претставуваат најзачуваната и најбогатата колекција од ваков вид во Европа и се претворени во музеј."Музей Неолитни Жилища, Регионален Исторически Музей-Стара Загора
Истражувачите имаат идентификувано голема густина на неолитски и халколитски населби, а откриена е и ритуална структура стара речиси 8.000 години. Откриени се првата фабрика за бакар во Европа и голем центар за ископување руда, стари повеќе од 7.000 години. Првобитната населба датира од 5-4 век п.н.е. под името Берое или Бероја, основана од Филип II Македонски. За време на римското владеење е преименуван во Улпија Августа Трајана и станал најзначајниот град, пред Филипопол. За време на владеењето на Марк Аврелиј, биле изградени многу објекти, се развиле уметноста и музиката, а биле поставени статуи и натписи на Орфеј.
Готите ги поразиле Римјаните во Битката кај Берое во 250 година. За време на Готската војна меѓу 376 и 382 година, римскиот генерал Фригерид се повлекол од Берое кон Илирик. Кон крајот на 6 век, Берое бил уништен, но повторно изграден под името Вероја.
Во средниот век, за првпат од византиските историчари се споменува Загоре. Ирина Атинска го посетила градот, го обновила и го преименувала во Иринеполис, во нејзина чест. До крајот на 10 век, градот бил во бугарски раце и добил целосно бугарски карактер. Бугарите го нарекувале градот Боруј'' (изменета форма на тракиското Берое).
Во 1371 година, градот паднал под османлиска власт, а првото негово споменување во отомански документ е од 1430 година. Во 18-19 век градот бил зафатен од чума, глад, суша, сточна епидемија и град, кои ги уништиле сите земјоделски култури. За време на Руско-турската војна, градот претрпел разори, кои вклучувале масакр на локалните Бугари, во кој илјадници луѓе ги загубиле животите, а млади жени и девојки биле продавани на пазарот за робови во Отоманската Империја.
Во современото доба, градот се развива како важен економски центар. Економијата се развива слично како во поголемите градови во Бугарија, со една од највисоките плати во државата, висок БДП во споредба со многу бугарски градови и ниска невработеност од околу 4%. Градот се наоѓа и во близина на најголемиот енергетско-индустриски комплекс, Марица Исток, каде што се вработени многу луѓе од Стара Загора.
Надворешни врски Стара Загора - Новости (Старозагорци.ком) Општина Стара Загора Библиотека Родина / Општествен информативен центар Слики од Стара Загора Транспортен коридор 8 Слики од Стара Загора
Галерија
Наводи
Категорија:Градови во Северна Тракија Категорија:Населени места во Општина Стара Загора Категорија:Населени места во областа Стара Загора