Љубен Лапе (Прилеп, - , ) — македонски историчар и универзитетски професор.
Животопис
Потекнувал од сиромашно, но родољубиво прилепско семејство. Студиите ги завршил во Белград. Тој се вклучил во прогресивната студентска и работничка младина, која го продолжило недовршеното дело на илинденските борци. мини|Љубен Лапе|315x315пкс|лево мини|228x228пкс|Книгата „Писмата на Гоце Делчев“ уредена од Љубен Лапе, 1951 година. По Ослободувањето, тој станал наставник, педагог и страствен истражувач на историјата на својот народ. Љубен Лапе ги „заорал првите бразди“ и по себе остава длабоки траги во разгранувањето на целокупното македонско историско минато. Неговите студенти од првите генерации го нарекувале „македонски Херодот”, „Татко на македонската историја”. Љубен Лапе се истакнувал во својата работа во повеќе правци: како организатор на наставата и научните установи, наставен педагог, истражувач и автор. По ослободувањето, во 1945 година, Лапе ја извршувал функцијата заменик-министер за образование во македонската Влада и интензивно работел на подготовка на програми и деловници за основно и за средно образование.
Основоположник е на обновениот Филозофски факултет (1946), на Катедрата и семинарот по историја (1948), Архивот на Македонија, Друштвото на историчарите и други установи. До крајот на својот живот, тој се грижел за збогатување на историскиот книжен и архивски фонд на Република Македонија, постојано продлабочувајќи ги научните сознанија за да им ги пренесе на своите студенти. Како автор, тој напишал бројни научни трудови, разни студии, статии, реферати и монографии. Зад себе остави документирани зборници, автор е на „Историјата на Македонија во XVIII, XIX, XX век“, „Пере Тошев во спомените на своите современици“, „Еден глас за сета Македонија“, „Димитар Поп Ѓорѓиев-Беровски“ и др.
Тој е добитник на високи републички признанија и награди: „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Деветти Септември“. Одликуван е со „Орден на трудот II ред“, „Орден на Републиката со златен венец“ (1978) и многу други признанија и бил долгогодишен член на МАНУ.
Дела
Наводи
Надворешни врски Љубен Лапе на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()
Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски општественици Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски академици Категорија:Југословенски политичари Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Носители на Орденот на трудот Категорија:Академици на МАНУ