мини|десно|250п|Документарец за Википедија на тамилски јазик од 2013 г.

Википедија на тамилски јазик или тамилска Википедија () — издание на Википедија на тамилски јазик во надлежност на заедницата на Фондацијата Викимедија. Основана е во септември 2003 г. а до септември 2018 г. достигнала 117.667 статии и 139.577 регистрирани кориснициСтатистики — службена страница на Википедија на тамилски. Го зазема 56. место по големина меѓу сите википедии и второ место меѓу википедиите на јазиците во Индија. Претставува прва Викиепдија на дравидски јазик со преку 10.000 статии и предводи меѓу јужноазиските изданија во квалитет.:stats:EN/TablesWikipediaTA.htm Прагот од 100.000 статии го надминала во мај 2017 г.

Културна важност За разлика од погледот на Википедија во европските и северноамериканските земји, тамилското издание ужива голем углед како најдобриот извор на информации на тамилски јазик на семрежјето.Tamil Wikipedia 1000 Articles CD Project Proposal – Version 1.0 : MAYU’s Personal Blog Енциклопедијата се соочува со многу помалку вандализам отколку на поголемите викија поради бавниот раст и недостатокот од сметачи и семрежен пристап во селските средини на Тамил Наду (Индија) и Шри Ланка — највеќето уредници се впрочем членови на тамилската дијаспора во странство.The Photologue of the Tamil Wikipedia Academy | kiruba.com

Во април 2010 г. Тамилската семрежна конференција одржала голем уредувачки натпревар на тамилската Википедија, опфаќајќи ја сета сојузна држава Тамил Наду. Натпреварот е одржан во контекст на Светската тамилска конференција истата година на која учествувале тамилисти ширум светот со цел да расправаат за развојот на тамилскиот јазик во современиот свет. Учество во натпреварот зеле 2.000 уредници кои на тамилската Википедија создале вкупно 1.200 нови академски рецензирани статии на разни полиња.

Во септември 2013 г. Википедија на тамилски јазик ја одбележала својата десетгодишнина.

Поврзано Википедија на бенгалски јазик Википедија на канадски јазик Википедија на малајалски јазик Википедија на телушки јазик Википедија на хинди

Наводи

Надворешни врски

Википедија на тамилски јазик Мобилна верзија на Википедија на тамилски јазик Википедија на тамилски јазик на Мета Статистики за Виипедија на тамилски јазик — Ерик Цахте

Тамилски Категорија:Тамилски јазик Категорија:Тамилска култура