Нури Шахин (турски: Nuri Şahin; Лиденшајд, 5 септември 1988) — турски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на турската репрезентација.

Клупска кариера Рана кариера Шахин ја започнал својата фудбалска кариера на возраст од 6 години во малку познатата екипа РШФ Мајнерцхаген. Откако поминал седум години во овој клуб, во 2001 година рој потпишал професионален договор со Борусија Дортмунд во 2001.

Борусија Дортмунд На 6 август 2005, со 16 години и 335 дена тој станал најмладиот играч кој заиграл во Бундеслигата, а на 26 ноември истата година станал најмлад играч кој постигнал гол во натпревар од Бундеслигата, во победата на својот тим над Нирнберг.

На 5 јули 2007, Шахин заминал во Фејенорд на едногодишна позајмица, каде повторно соработувал со Берт ван Марвајк својот поранешен тренер во Борусија.

По враќањето во Борусија, под водството на Јирген Клоп, Шахин станал важен играч на тимот. Тој одиграл 33 од 34 натпревари во Бундеслигата во сезоната 2009-2010, со учинок од 4 гола и 8 асистенции Следната сезона, тој бил една од клучните фигури во тимот на Борусија Дортмунд кој ја освоил Бундеслигата. Својата одлична сезона како на клупски така и на поединечен план, во која постигнал 7 голови и имал 8 асистенции, Шахин ја крунисал со освојувањето на наградата за најдобар играч на Бундеслигата во 2011.

Реал Мадрид На 9 мај 2011 после повеќенеделни шпекулации, Шахин го најавил своето заминување од Дортмунд на прес-конференција на Сигнал Идуна парк. Тој потпишал шестогодишен договор со Реал Мадрид. Тој изјавил дека главната причина за заминување од клубот бил Жозе Морињо како и шансата да игра за таков голем клуб како што е Реал. Своето официјално деби го имал на 6 ноември 2011, влегувајќи како замена во победата на својот тим од 7-1 над Осасуна. На 20 декември 2011 го постигнал својот прв гол во дресот на Реал, во победата над Понферадина со 5-1 во Купот на Шпанија. На 27 март 2012, тој започнал во почетните единаесет против АПОЕЛ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а неговиот перформанс подоцна после натпреварот бил пофален од Мурињо и разни спортски весници. Сепак, тој не успеал да се наметне во Реал Мадрид во својата прва, а ќе се покаже и единствена сезона забележувајќи само 10 натпревари и 1 гол.

Ливерпул thumb|лево|150п|Шахин во Ливерпул На 25 август 2012, Шахин заминал на едногодишна позајмица во Ливерпул. Шахин го добил дресот со број 4. На 2 септември 2011 го имал своето деби во Премиер лигата, во победата на својот тим со 2-0 над Арсенал. На 26 септември 2011 ги постигнал својте први голови (два) во дресот на Ливерпул, во победата со 2-1 над Вест Бромвич Албион во третото коло на Лига купот. Свој први гол во Премиер лигата го постигнал три дена подоцна во победата на својот тим со 5-2 над Норич Сити. Во својата петмесечна епизода во дресот на Ливерпул, Шахин забележал 3 гола и 3 асистенции во 12 натпревари. На заминувањето од Ливерпул, Шахин изјавил дека не бил среќен ниту во Ливерпул ниту во Реал, и дека среќен е единствено што добил шанса во својата кариера да игра во исти клуб со Стивен Џерард.

Враќање во Борусија Дортмунд thumb|десно|230п|Шахин со Борусија Дортмунд во 2014. На 14 јануари 2013, Ливерпул објавил дека го раскинале договорот за заем на Шахин со Реал Мадрид, и дека Шахин бил слободен да се врати во Борусија Дортмунд на заем до крајот сезона 2013-2014. Тренерот Клоп исто така бил воодушевен со неговото враќање во клубот. Своето деби во Бундеслигата по враќањето го имал, на 19 јануари 2013 влегувајќи како замена во 84-тата минута, во победата на својот тим со 5-0 над Вердер Бремен. На 16 март 2013 Шахин постигнал два гола во победата на својот тим со 5-1 над Фрајбург. Првата полусезона по враќањето кај милионерите ја завршил со 18 натпревари и 3 гола во сите натпреварувања.

На почетокот на сезоната 2013-2014, на 27 јули 2013 Шахин го освоил Суперкупот на Германија, откако Борусија го победила Бајерн Минхен со 4-2; Шахин го одиграл целиот натпревар. На 26 октомври 2013, Шахин постигнал гол во победата над големиот соперник Шалке 04 со 3–1.

На 10 април 2014, Борусија Дортмунд ја активарала клаузулата во договорот на Шахин со која им било дозволено перманетно да потпишат договор со играчот за сума од 7 милиони евра.

Вердер Бремен На 31 август 2018, во последниот ден од летниот трансферен прозорец 2018, Шахин потшишал за Вердер Бремен. Според извештаите на медиумите, тој потпишал двегодишен договор со клубот како слободен играч. Своето деби за зелено-белите го имал на 16 септември 2018 во ремито 1-1 против Нирнберг на Везерштадион, влегувајќи во игра во 71-вата минута на местото на Филип Баргфреде.

Репрезентација Шахин е најмладиот фудбалер кој заиграл и постигнал гол за турската сениорска репрезентација. Тој постигнал гол на своето деби на 8 октомври 2005 во победата на Турците со 2-1 над Германија.

Титули Клупски Фејенорд Куп на Холандија (1) : 2007-2008

Борусија Дортмунд Бундеслига (1) : 2010-2011 Суперкуп на Германија (1) : 2013 УЕФА Лига на шампиони Вицешампион: 2012–13

Реал Мадрид Примера Дивисон (1) : 2011-2012

Репрезентативни Турција Европско првенство за играчи под 17 години (1) : 2005

Наводи

Надворешни врски

Нури Шахин на kicker.de

Категорија:Родени 1988 Категорија:Турски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година