Фатих Терим () ( во Адана, Турција), е фудбалски тренер и поранешен фудбалер на Галатасарај. Има тренирано неколку клубови од Турција и Италија, како и сениорската репрезентација на Турција и репрезентацијата на Турција до 21 година.
мини|десно|200px|исправено|Терим во 2019
Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика () ги вбројува помеѓу надобрите 8 фудбалски тренети на светот, а наградата ја примил во 2001 година. Евроспорт го прогласил за најдобар тренер на Европското првенство во фудбал 2008 година, Sevilenfrm.com, а УЕФА го прогласува за тренер на годината. World soccer magazine во 2008 година го вбројува во 7-те најдобри тренери на светот.Фатих Терим помеѓу најдобрите тренери на светото setimes.com.
Во Турција и Италија е познат под прекарот Император.
Играчка кариера Професионалната кариера ја започнува во Адана Демиспор. Поради финансиски проблеми во кои се наоѓал е единствениот играч кој бил тајно платен од страна на клубот, а веќе после 3 години постанува и капитен. Во 1974 преминува во Галатасарај каде што останува 11 години и игра во одбрана на позиција централен одбранбен играч. Со Галатасарај трипати го освојува Купот на Турција (1972, 1982 и 1985) и еднаш Суперкупот на Турција (1982).
Статистика
КлубСезонаЛигаКупОстанатоЕвропски натпреварувањаУкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиАдана Демиспор1973/74282------282Вкупно282------282Галатасарај1974/75302--30--3321975/763038141404651976/7729220----3121977/782925020--3621978/792722231213461979/8030210020204421980/812726010--3421981/822809130--4011982/832912021--3321983/842805020--3501984/853008330--413Укупно317165772538140727Вкупно во кариерата345185772538143529
Менаџерска кариера
Раните години По завршувањето на играчката кариера бил повикан во стручниот штаб на Галатасарај од страна на Јуп Дервал. После тоа оди во Анкарагјуџа каде што останува 18 месеци, а подоцна и една година во Гезтепе како тренер. во 1990 година добива покана од Зеп Пјонтек да се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата на Турција, а подоцна е тренер на репрезентацијата на Турција до 21 година. Во 1993 доаѓа на местото тренер на сениорската репрезентација со која се пласира на Европското првенство во фудбал 1996 што за Турција е прв настап на едно европско првенство. Галатасарај го враќа во својот штаб како тренер во 1996 година, и 4 пати последователно ја освојува Суперлигата на Турција и Куп на УЕФА 2000 година, што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.
Белешки
Наводи
Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Тренери на ФК Милан Категорија:Тренери на ФК Фиорентина Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Живи луѓе