Географијата на Антарктикот се одликува со студ и мраз поради поларна местоположба на антарктичкиот континент, кој е сместен на дното од јужната полутопка. Се протега претежно јужно од Јужниот Поларник, ограничена од Јужниот Океан или, зависно од дефиницијата, јужните кареви на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан. Зафаќа површина од преку 14 милиони км2.
Околу 98 % од Антарктикот се прекриени со најголемата ледена покривка на планетата, која воедно е најголемиот резервоар на слатка вода. Со просечна дебелина од 1,6 км, мразот има толкава маса што ја има натиснато континенталната матична карпа, на места дури 2,5 км под морското ниво. Се среќаваат и подледнички езера од течна вода, како што е Восток. По краевите на прекривката има ледени плочи и возвшенија.
Области Антарктикот физички е поделен со Трансантарктичките Планини близу грлото помеѓу Росовото и Ведловото Море. Областите Западен и Источен Антарктик приближно соодветствуваат на источната и западната полутопка сметајќи од гриничкиот меридијан. Некои претпочиваат да го делат континентот на Мал и Голем Антарктик.
Малиот Антарктик е покриен со западноантарктичката ледена покривка. Стручњаците сметаат дека постои мала можност оваа ледена покривка да се сруши, што би ги накачило океаните за неколку метри во многу кус рок.
Вулкани На самиот континент има четири вулкани кои се сметаат за активни судејќи според фумаролите и понови наноси од тефра: Мелбурн (2.730 м), Берлин (3.500 м), Кауфман (2.365 м) и калдерата Хемптон (3.325 м).
Некои од планините на околните острови биле вулкански активни во подалечното минато: Еребус (3.795 м) и Росов Остров со 10 познати избуви и 1 претпоставен избув.
Од спротивната страна на континентот е островот Дисепшен, со калдера со 10 познати и 4 претпоставени избуви. За активни се сметаат Бакл од групата Балени, Пингвинскиот, Полетовиот и Линденберговиот Остров. Во 2017 г. истражувачите од Единбуршкиот универзитет откриле 91 подводен вулкан под Западниот Антарктик.
Западен Антарктик мини|400п|Западниот Антарктик — лево.
мини|300п|Типичен предел на Антарктичкиот Полуостров со фјордови, високи крајбрежни планини и острови. Западниот Антарктик е помалиот дел од континентот. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:
Подрачја Антарктички Полуостров со Греамова Земја Палмерова Земја Елсвортова Земја Инглишов Брег Брајанов Брег Ејтсов Брег Земја на Кралицата Елизабета Земја на Мери Берд со Бакутисов Брег Волгринов Брег Рупертов Брег Сондерсов Брег Хобсов Брег Земја на Кралот Едвард VII со Ширасеов Брег
Мориња Амундсеново Море Белингсхаузеново Море Веделово Море Скоша
Ледени плочи Поголеми ледени плочи се:
Гецова Ледена Плоча Аботова Ледена Плоча Ларсенова Ледена Плоча Росова Ледена Плоча Салцбергерова Ледена Плоча Филхнер-Ронеова Ледена Плоча
Острови
Источен Антарктик мини|400п|Источниот Антарктик — десно. мини|десно|250п|Бреговите на принцезите Астрид и Рагнхилда. Источниот Антарктик е поголемиот дел од континентот. Тука се наоѓаат јужниот магнетен пол и географскиот Јужен Пол. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:
Подрачја Аделина Земја Викториина Земја Вилксова Земја Ендербиева Земја Земја на Вилхелм II Земја на Кралицата Марија Земја на Кралицата Мод со Брег на Принцезата Астрид Брег на Принцезата Марта Брег на Принцот Олав Брег на Принцезата Рагнхилда Брег на Принцот Харалд Земја на Принцезата Елизабета Земја на Џорџ V Кемпова Земја Коутсова Земја Мак. Робертсонова Земја Брег на Џорџ V Подледнички ров Зеле Оутсова Земја
Мориња Белингсхаузеново Море Веделово Море Дејвисово Море Дирвилово Море Море на Кралот Хокон VII Мосоново Море Росово Море Скоша
Ледени плочи Поголеми ледени плочи се:
Воејкова Ледена Плоча Ејмериева Ледена Плоча Екстремова Ледена Плоча Западна Ледена Плоча Рисер-Ларсенова Ледена Плоча Шеклтонова Ледена Плоча
Острови
Поларни станици
Територијални претензии
Зависни територии (Норвешка) (Обединето Кралство) Петар I (Норвешка) (Франција) (Австралија)
Поврзано Список на антарктички и подантарктички острови Геологија на Антарктикот 70. јужен напоредник 80. јужен напоредник
Наводи
Извори Ivanov, L. General Geography and History of Livingston Island. In: Bulgarian Antarctic Research: A Synthesis. Eds. C. Pimpirev and N. Chipev. Sofia: St. Kliment Ohridski University Press, 2015. pp. 17–28.
Надворешни врски
Моделот на висински појдовник на Антарктикот (REMA) — високоразделна карта, 2018 г. Карта на политичките претензии врз Антарктикот BEDMAP Антарктичка база на дигитални податоци — топографски податоци со прелистувач на карти
Категорија:Антарктик