Мајне () — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Папентајх.

Географија Местоположба

Мајне се наоѓа во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија на патот од Брауншвајг кон Линебуршкото Поле. Низ општината поминува Средногерманскиот Канал.

Соседни општини

Општината Мајне на југ се граничи со градот Брауншвајг. Други соседни општини се Ретгесбител, Фордорф, Изенбител, Васбител, Калберла (сите во округот Гифхорн) и Лере (округ Хелмштет). Градовите Брауншвајг, Гифхорн и Волфсбург се оддалечени околу 10 километри од Мајне.

Општински единици

Општината е составена од местата Мајне, Абесбител, Бехтсбител, Веделхајне, Ведесбител, Грасел, Графенхорст и Онхорст, како и населбите Мајнхолц и Мартинсбител.

Историја

Првото спомнување во документи на Мајне било во 1007 година. Порано селото било познато како Мајнум (Meynum). Се смета дека Мајне е многу постаро и дека е подигнато за време на Саските војни од трупите на Карло Велики. Од век, Мајне бил пограничен град помеѓу Бискупијата Хилдесхајм и Бискупијата Халберштат.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на општината Официјална страница на општинската заедница

Категорија:Гифхорн (округ)