мини|десно|Патрола од британски полицајци на велосипеди Полицискиот велосипедизам претставува употреба на велосипедот за извршување на полициските работи. Полициските служби низ светот го користат велосипедот поради самата негова форма и одлики кои ѝ дозволуваат на полицијата полесно да ги врши своите должности. Денеска тие најчесто се користат во урбаните средини. Самите велосипеди кога се во патрола ја прават полицијата подостапна за јавноста за разлика од другите форми на патроли. Според едно истражување, на просечен час полициски автомобил имал 3 контакти со јавноста, а полициски велосипед 7 контакти.Menton, Chris. "Bicycle patrols: an underutilized resource". Policing: An International Journal of Police Strategies & Management. 2008. Иако според истото истражување полицискиот автомобил добил посериозни пристапи, велосипедот јасно ѝ служи на полицијата во градењето на односите со јавноста и велосипедската патрола може да одговара на основни прашања за туристи и слично.

Историја мини|десно|Полицаец во Њујорк на велосипед, 1890-тите Велосипедите почнале да се користат во полициската служба при крајот на 19-от век, период кога самиот велосипед почнал да го добива својот денешен изглед и станувал полесен за возење. Според некои податоци полициските службеници првично ги користеле сопствените велосипеди, но потоа службите почнале официјално да ги воведуваат во својот возен парк. За разлика од денес, во тој период полициските велосипеди повеќе биле користени во руралните средини. Еден таков случај е полицијата во Кент, Англија. Таа во 1896 година купила 20 велосипеди, по еден за 8 фунти (558 денари), а за помалку од деценија, во 1904 година службата поседувала дури 129 велосипеди.„Kent Police Museum“. Архивирано.

Македонија мини|десно|Македонски полицајци-велосипедисти од Полициската станица Центар во Скопје Во Македонија велосипедите првпат биле воведени во полициската служба во 2008 година. Тогаш неколку службеници од СВР Охрид биле обучени од македонски полициски инструктор со претходно стекнат американски сертификат и за нив биле набавени 5 велосипеди. Тие работат редовно во Охрид во летниот период од јули до крајот на септември и учествуваат во различни полициски интервенции, но и им помагаат на туристите. Нивното присуство се покажало успешно. Според портпарол на СВР Охрид, имало случаи кога полициска мото-патрола била оневозможена да стигне навреме, а велосипедската стигнала за 1-2 минути. Од мај 2018 година и во главниот град почнала да функционира велосипедска полициска служба. Таа била составена од 6 полицајци кои патролираат по двајца во смени во центарот на Скопје.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велосипедизам