Дарко Георгиевски ( година, Скопје) ― македонски ракометен играч кој игра за РК Охрид 2013.Охрид се засили со бекот Дарко Георгиевски Во 2018 година бил повикан во Македонската ракометна репрезентација за Средоземните игри во Тарагона,Шпанија.Список на машката прпрезентација на Македонија за Средоземните игри 2018

Образование Негови родители се Бранко и Соња Георгиевски, а има и браќа Никола и Борјан Георгиевски. Своето основно образование го завршил во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Драчево, а средно образование завршил во гимназијата СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје, во Драчево. Своето високо образование го продолжил на Славјанскиот Универзитет во Свети Николе.

Кариера Својата спортска кариера ја започнал на 12 години. Најнапред започнал да тренира во основното училиште ОУ „Св.Климент Охридски“ во Драчево под раководство на професорот по физичко и здравствено образование. Прв клуб во кој ги направил своите први ракометни чекори е клубот РК Вардар од Скопје каде во младинска категорија го тренирал тренерот Игор Котевски, поранешен македонски репрезентативец.

Професионалната ракометна кариера му започнала на 16 години, во сезоната 2008/2009 во МРК Вардар Скопје.

Сезоната 2010/11 бил преместен во екипата на РК Вардар и потпишал четиригодишен договор по инсистирање на тогашниот тренер Љубомир Савевски. Следната сезона, 2011/2012, бил пратен на позајмица во РК Куманово. Таму поминал две сезони сè до 2013 година. Истата сезона се преселил во РК Пелитер од Битола. Добрите игри во плеј-офот на сезоната му помогнале да биде забележан од страна на ракометен агент од Франција и го искусил првото меѓународно искуство потпишувајќи за Монтелимар Крија , француска екипа која играла во третата лига во француското ракометно првенство.Дарко Георгиевски ќе игра во трета лига во Франција Во Монтелимар останал две сезони, сè до 2016 година. Потоа потпишал во БАУХБ Белфор, Франција. По завршувањето на играчката 2016/2017 сезона, Дарко се решил да одговори на повикот на првиот ракометен мастер тренер во Македонија, Данило Брестовац и да соработуваат во РК Ред Бојс од Диферданж, Луксембург.

Во периодот од 24 јуни до 1 јули 2018, Дарко Георгиевски со Македонската ракометна репрезентација настапил на 18-те Средоземни игри што се одржале во Тарагона,Шпанија. Нашата машка репрезентација на игрите ги отворила на 23 јуни со натпревар против Турција, a ден подоцна играла со Египет, а во групната фаза се сретнала и со селекцијата на Србија.JOCS MEDITERRANIS TARRAGONA 2018

Моментално игра за РК Охрид 2013 и има важечки договор до крајот на играчката 2018/2019 сезона .

Настапи во Европа Во сезоната 2008/2009 со клубот МРК Вардар Скопје, Дарко Георгиевски играл во Челинџ Куп на Европа;EHF Во сезоната 2009/2010 со клубот МРК Вардар Скопје, Дарко Георгиевски играл ЕХФ Куп на Европа; Во сезоната 2010/2011 со клубот РК Вардар ПРО, Дарко Георгиевски играл во CUP WINNERS' CUP на Европа; Во сезоната 2011/2012 со клубот РК Вардар ПРО, Дарко Георгиевски играл во ЕХФ Куп на Европа; Во сезоната 2012/2013 со клубот РК Куманово, Дарко Георгиевски играл во ЕХФ Куп на Европа; Во сезоната 2017/2018 со клубот HC Red Boys Differdange, Дарко Георгиевски играл во Челинџ Куп на Европа;SofaSkore

Наводи

Надворешни врски Профил на Дарко Георгиевски на eurohandball.com

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Никулци за македонски спортисти Категорија:Ракометари од Скопје