Јелена Грубишиќ (20 јануари 1987, Загреб, Хрватска) — поранешна хрватска ракометарка, на позицијата голман.

Кариерата ја започнала во Локомотива Загреб, а потоа играла и за словенечкиот Крим и унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО, пред да стигне во ЧСМ Букурешт во 2015 година.Profil Jelene Grubišić Со романскиот клуб ја освоила Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2015-2016, каде била прогласена и за најдобра ракометарка на фајнал-форот во Будимпешта.

Таа е поранешна репрезентативка на Хрватска. Својата репрезентација ја претставувала на Светското првенство 2011 во Бразил и на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.

Титули Клупски Локомотива Загреб Хрватско првенство (1) : 2004 Куп на Хрватска (2) : 2005, 2007

Крим Словенечко првенство (5) : 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 Куп на Словенија (5) : 2010, 2011, 2012, 2013, 2014

Ѓер Ауди ЕТО Унгарско првенство (1) : 2015 Куп на Унгарија (1) : 2015

ЧСМ Букурешт Романско првенство (3) : 2016, 2017, 2018 Куп на Романија (3) : 2016, 2017, 2018 Суперкуп на Романија (2) : 2016, 2017 ЕХФ Лига на шампиони (1) : 2015-2016

Поединечни награди Најкорисен играч (МВП) на фајналфорот на ЕХФ Лигата на шампионите: 2015-2016 Хрватска ракометарка на годината: 2016 Ракометарка на годината на Екс-Југославија според Balkan-Handball.com: 2016

Наводи

Надворешни врски Јелена Грубишиќ на eurohandball.com

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски ракометарки Категорија:Ракометарки на РК Крим Категорија:Ракометарки на Ѓер Категорија:Ракометарки на ЧСМ Букурешт