thumb|Девастирани и ограбени трговски дуќани на Срби во Сараево 1914 година Сараевски погром над Србите во 1914 година е погром над жителите на Сараево од српска националност кои бил еден од погромите над Србите организирани во Австроунгарските покраини во Босна и Херцеговина и Хрватска по повод Сараевскиот Schutzkorpsатентат во 1914 година.
Убиството на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија предизвикале насилни антисрпски демонстрации на гневните Хрвати и муслимани во текот на вечерта 28 јуни 1914 година и во поглемиот дел од следниот ден. Тоа довело до длабоки меѓуетнички поделености какви не биле забележени во дотаогашната историја на градот. Иво Андриќ овој настан го опишал како „сараевска махнитост на омразата“. Гневот бил насочен кон деловните простории во сопственост на Србите, знаменитостите, Српската православна црква, училиштата, Српскиот културен центар- Просвјета, банката и канцеларијата на српски јазик „Српска ријеч“. Во токот на насилието, истиот ден биле убиени двајца Срби. Во Сараево, спрема рускиот извештај, повеќе од илјада куќи и продавници биле уништени. Дури и конзервативната Виенска штампа уредента известила дека Сараево изгледало како поприште на погром.
По извршениот Сараевски атентат, антисрпскаите чувства биле изразито на високо ниво во целата Австроунгарија. Било уапсено и протерано околу 5.500 угледни Срби, од нив 460 биле осудени на смрт, додека Австроунгарските власти во Босна и Херцеговина оформиле претежно муслиманска специјална милиција (германски:Schutzkorps ) која ги прогонувала Србите.Tomasevich (2001), p. 485 Бројни муслимански верски водачи протестирале поради погроните над Србите. Истата ноќ антисрпски нереди биле организирани во бројни други делови на Австро- Унгарија, како на пример во Загреб и Дубровник.
Антисрпските демонстрации во Австроунгарија и настаните кои следеле имале значајно влијание на ставот на Русија и нивната штампа која истакнала дека одговорноста за настаните не припаѓа на Србија, туку на сите оние кои ја вмешале Австрија во Босна и се спротивставиле на Србија, тако што Русија имала хумана должност да ги заштити браќата кои се нашле во оваа ситуација.
Наводи
Литература
Категорија:Србофобија Категорија:Атентат врз Франц Фердинанд Категорија:Австроунгарија во Првата светска војна Категорија:Погроми