Стине Бредал Офтедал (25 септември 1991, Нитедал, Норвешка) - норвешка ракометарка, среден бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.

Животопис Стине е постара сестра на Хана Бредал Офтедал, која исто така е ракометарка и во моментов настапува за Париз 92. Пред да започне да се занимава професионално со ракомет, таа тренирала фрлање копје, фрлајќи 32.08 метри на возраст од само 13 години. Таа стурдирала на BI Norwegian Business School.

Кариера Стине Офтедал е родена во Нитедал и започнала да игра ракомет на седумгодишна возраст во нетолку познатиот норвешки клуб Нит/Хак. Во 2005 година таа го освоила Партиле купот, кој е еден од најзначајните младински ракометни турнири во светот.Verdens beste 14-åringer Во 2007 година таа ја продолжила својата кариера во екипата на Фјелхамер ИЛ, за која го направила своето деби како професионалец во сезоната 2007-2008 играјќи 16 натпревари на кој постигнала 50 гола,Topscore Postenligaen Kvinner Fjellhammer Sesongen 2007/2008 пред да продолжи во Хелсет. Бидејќи Хелсет бил фидер тим на Стабек, таа имала можност да игра и за Стабек почнувајќи од сезоната 2008–2009, но исто така останала регистрирана и во Хелсет. Во Стабек таа играла заедно со својата помлада сестра Хана. Во 2013, Стине се преселила во францускиот Иси Париз. На крајот на сезоната 2013-2014 во француското првенство, нејзината прва во Иси Париз, таа била избрана за најдобар играч во сезоната. Во март 2017 година, официјално било објавено дека Офтедал во следната сезона ќе игра за Ѓер Ауди ЕТО откако потпишала тригодишен договор со унгарскиот шампион. Така таа им се приклучила на своите соиграчки од репрезентацијата Кари Олвик Гримзбо и Нора Морк како трета норвежанка во клубот. Во првата сезона во клубот таа со Ѓер освоила тројна круна: унгарското првенство, Купот на Унгарија и ЕХФ Лигата на шампионите. Во следната сезона 2018-2019, таа му помогнала на клубот да ги одбрани сите три титули освоени во претходната година. Исто така била избрана во Ол-стар тимот на Лигата на шампионите како најдобар среден бек.

Своето деби за норвешката репрезентација го имала на 26 ноември 2010 година во натпревар против Исланд. Таа исто така била повикана и за Европското првенство 2010, но не влегла во игра на ниту еден натпревар во текот на турнирот бидејќи Лин Јорум Суланд го зазела нејзиното место.Sulland inn i EM-troppen Следна година таа била дел од репрезентацијата која станала светски шампион на Светско првенство 2011 и европски шампион во 2012 година на Европско првенство 2012. Во 2014 и 2015 година таа можела да ужива во освојувањето на својата втора Европска и Светска титула. На вториот турнир таа исто така била избрана во Аll-star тимот.www.ihf.info: Denmark 2015 All-Star Team , пристапено на 21 декември 2015 На Летните олимписки игри 2016 го освоила бронзениот медал со норвешкиот тим, а на крајот од годината на Европското првенство 2016 го освоила својот трет континентален златен медал во својата кариера.

Титули Клупски Ѓер Унгарско првенство (2) : 2017-2018, 2018-2019 Куп на Унгарија (2) : 2017-2018, 2018-2019 Лига на шампиони (2) : 2017-2018, 2018-2019

Репрезентативни Норвешка Светско првенство (2) : 2011, 2015 Европско првенство (1) : 2010, 2014, 2016 Олимписки игри : 20px|Бронзен медал 2016

Наводи

Надворешни врски Профил на eurohandball

Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки ракометарки Категорија:Ракометарки на Париз 92 Категорија:Ракометарки на Ѓер Категорија:Родени во 1991 година