Мери Луиза Вилард ( – ) — меѓународно позната по нејзината работа во областа на микроскопијата и форензичките науки. Почнува со работа на Државниот универзитет Пенсилванија како асистент во 1921, а се пензионира како професор емеритус во 1964. Им помага на полициските службеници низ целата нејзина кариера и по формалното пензионирање, честопати без паричен надоместок за тоа.

Образование и кариера Мери Луиза Вилард е родена на 19 мај 1898 на кампусот на Државниот универзитет Пенсилванија во семејството на Џозеф Муди Вилард и Хенриета Нан. Нејзиниот татко бил професор на овој универзитет.

Дипломира хемија во 1921 и станува асистент во одделот за хемија. Во 1923, кога магистрира по органска хемија, станува инструктор. Во 1927 докторира на Универзитетот Корнел каде работи со Вилијам Ридџели Орндорф. Тогаш станува асистент професор на Државниот Универзитет Пенсилванија. Во 1938 станува редовен професор, а официјално се пензионира во 1964, кога станува професор емеритус и продолжува со својата работа во областа на криминологијата.

Објавува над 40 статии за хемија и криминологија, како и лабораториски прирачници за хемиска микроскопија. Помеѓу нејзините публикации е и кратка монографија со наслов Жени пионери во хемијата. Од 1942, таа станува асистент уредник на списанието Микрохеми (Микрохемика Акта).

Форензика Мери Вилард специјализира во микрохемиска анализа. Користи различни техники, вклучувајќи инфрацрвена и ултравиолетова спектроскопија, масена спектрометрија, гасна хроматографија и јадрена магнетна резонанса. Посебно внимание ѝ посветува на кристалографијата на деформираните кристали.

Нејзиното прво истражување на кривично дело се случува во 1930, кога анализира алкохол од прекршување на забрана. Низ нејзината кариера им помага на полициските службеници како вештак, честопати без плата. Истрагите на Вилард вклучуваат убиства, самоубиства и автомобилски несреќи. Застапник е за користење на анализа на косата и крвта во идентификација на оружјето со кое е извршено убиство. Во еден случај, во 1950-тите, успева да одреди дека влакното пронајдено на шилците од железница е од дете, а не од куче. За други случаи одредува пневматици и глинени примероци од чизми. Институциите во кои помага ги вклучуваат Сурете, Скотланд Јард и Интерпол, како и повеќе локални полициски станици. Според некои пресметки, Вилард била контактирана од локалните полициски станици на дневна база, а се појавува во суд барем еднаш месечно. Питсбург Прес ја нарекува „Лејди Шерлок“.

Предавања Основач на Иота поглавјето на Алфа Алфа Стејт Делта Капа Гама Интернешенал на 1 март 1947, позната е по тоа што предава и на машки и на женски ученици. Понекогаш им дозволувала на нејзините ученици да добијат искуство од прва рака, при што помагале во тестирањето на материјали во криминалните истраги на кои работела Мери.

Мери Вилард умира на 17 април 1993. Нејзините трудови се наоѓаат во архивите на Државниот Универзитет Пенсилванија.

Во нејзина чест, во 2009 почнува да се доделува стипендијата Мери Вилард Трусти, која им дава предност на студентите на форензички науки на Колеџот за науки Еберли.

Одликувања и награди Вилард е член на Американското хемиско друштво (1921), Американскиот институт на хемичари и на Американската асоцијација за напредок на науката. Добитник е на бројни одликувања, вклучувајќи ги следниве:

1947, прва жена претседавач со отсекот за аналитичка и микрохемија при Американското хемиско друштво 1955, втора жена која е признаена од Американскиот институт на хемичари за "извонредни напори во унапредување на професионалната жена хемичар" 1957, почесен член на Полицискиот братски ред 1959, прв човек што ќе биде наведен од државата Пенсилванија за "извонредност во преавањата" 1965, Жена на годината во Пенсилванија 1965, почесен член на Австриското микрохемиско друштво (четврти американски државјанин со ваква почест)

Наводи

Категорија:Родени во 1898 година Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Американски хемичари Категорија:Американски форензички научници Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“