Жанг Кангјанг или Стивен Жанг (; роден на 21 декември 1991 година) е кинески стопанственик и претседател на италијанскиот фудбалски клуб Интер.
Жанг е син на Кинескиот милијардер Жанг Џиндонг, основач и претседател на Сунинг Групацијата. Тој се приклучи на одборот на директори на Интер Милан на 28 јуни 2016 година по купувањето на поголемиот дел од Интер од страна на Сунинг. На 26 октомври 2018, Жанг стана најмладиот досега претседател на Интер од Милано.
Наводи
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Кинески стопанственици Категорија:Живи луѓе