мини|Репрезентацијата против Данска во 1933 година.
Финската фудбалска репрезентација (фински: Suomen jalkapallomaajoukkue, шведски: Finlands fotbollslandslag) ја претставува Финска на меѓународните фудбалски натпревари и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Финска.
Иако финската репрезентација никогаш не се квалификувала на финалниот турнир на Светското првенство или на Европското првенство, и покрај нејзината долга историја, нордиската нација постигнала извонреден напредок во 2000-тите, достигнувајќи го врвот, на 30-тото место на рангот на Ело. Под раководство на тренерот Рој Хоџсон тие постигнале забележителни резултати против многу поетаблирани европски тимови. По неколкуте години со лоши резултати, тие паднале на ранг-списокот на ФИФА на 110-то место, што е најниско во нивната историја. Меѓутоа, во есента 2017 година, Финска започнала да се искачува на рангирањето на ФИФА, а од Септември 2018 година, го зазела 58-то место.
Историја
Рана историја Фудбалската асоцијација на Финска е основана во 1907 година, а станала членка на ФИФА во 1908 година. Во тоа време, Финска била автономно големо војводство на Руската Империја. Финска го одиграла својот прв меѓународен натпревар на 22 октомври 1911 година, кога Шведска ја победила Финска на стадионот Елаинтарха во Хелсинки. Финска учествувала на Летните олимписки игри во Стокхолм, во 1912 година, победувајќи ја Италија и Руската Империја, но го загуби натпреварот за бронзениот медал против Холандија.
Период на дисперзија По Граѓанската војна од 1918 година, финското спортско движење било поделено на десничарска Финска Гимнастика и Спортска Федерација (СВУЛ) и левичарска Финска Федерација на Работнички Спортови (ТУЛ), Финската фудбалска асоцијација била членка на СВУЛ. Двете страни имале свои шампионски серии, а меѓу 1919-1939 година финскиот репрезентативен тим бил избран само од играчите на Фудбалската Асоцијација. Фудбалскиот тим на Финската Федерација на Работнички Спортови, пак, учествувал на натпреварите на меѓународното работничко движење.
Меѓутоа, од крајот на 1920-тите години неколку врвни фудбалери пребегнале од ТУЛ и се приклучиле на Фудбалската Асоцијација, за да бидат подобни за репрезентацијата. Во текот на 1930-тите, овие "дезертери" го формирале ’рбетот на репрезентацијата. На пример, финскиот состав за Летните олимписки игри во 1936 година бил составен од осум поранешни играчи на ТУЛ. Во 1937 година, Финска за првпат учествувала на квалификациите на Светското првенство на ФИФА, губејќи ги сите три натпревари против Шведска, Германија и Естонија.
Од 1939 година, играчите на ТУЛ биле избирани во репрезентацијата и конечно во 1956 година сериите на ТУЛ и на Фудбалската асоцијација биле соединети.
Повоени годиниPost-war years На Летните олимписки игри во Хелсинки, одржани во 1952 година, ги гледале финските домаќини како губат од Австрија во првиот круг. Меѓутоа, Финска го освоила неофицијалното нордиско првенство во 1964 и 1966 година.
Финска, исто така, учествувала на Европското првенство на кое се квалификувала од настанот во 1968 година, но морала да чека за својата прва победа дури во 1978 година.
Подоцна во 20 век Резултатите на тимот се подобриле во доцните 1970-ти и 1980-тите години. Финска ја пропуштила шансата да се квалификува за Еуро 1980, за само еден бод, како и за Светското првенство во 1986 година за само два бода. Финска била поканета да учествува на Летните олимписки игри во Москва, во 1980 година, откако многу западни земји објавиле дека ќе ги бојкотираат игрите, но не успеала да напредува во својата група.
Од средината на 1990-тите Финска започнала да има во своите редови повеќе играчи од висок профил во европски лиги, предводени од суперѕвездата на Ајакс, Јари Литманен. Во 1996 година, данскиот победнички тренер од Еуро 2012, Ричард Мелер Нилсен, бил изнајмен за да ја преземе Финска за Светското првенство во 1998 година. Тимот уживал во променливата среќа во натпреварите, во кои освоиле бодови од нерешениот натпревар и победата против Норвешка и Швајцарија, соодветно. Во пресрет на последниот натпревар, Финска требала да ја победи дома Унгарија, за да освои место во плеј-оф натпреварите. Тие воделе на натпреварот со 1-0, но во судиското продолжување, постигнале автогол, и уште еднаш сонот за квалификациите завршил. Мелер Нилсен, исто така, се обидел да ја одведе Финска до Евро 2000. Во овие натпревари Финците забележале сензационална победа во гости против Турција, но не можеле да се натпреваруваат со Германија и Турција на подолг рок.
Анти Муриенен го наследил Мелер Нилсен како тренер во 2000 година. Можеби ја имал на располагање најталентираната група фински играчи, вклучувајќи ги и играчите како што се Анти Ниеми, Сами Хипија, Тему Таинио и Микел Форшел, покрај легендарниот Литманен. Исто така, тимот под негово раководство добро работел за квалификациите за Светското првенство во 2002 година, но и покрај тешкото извлекување, заслужил два нерешени натпревара против Германија и нерешено на домашен терен со Англија, како и победата над Грција со 5-1 во Хелсинки. Меѓутоа, на крајот, Англија и Германија се покажале како премногу силни па Финците завршиле како трети во групата, но биле единствениот тим во таа група кои не загубиле дома. Надежите биле високи и за квалификациите за Еуро 2004, по последните ветувачки натпревари и пријателските победи против Норвешка, Белгија и Португалија (со кои финците скокнале од 40-тото на 30-тото место во рангирањето на Ело). Сепак, Финска го започнала натпреварувањето со пораз од Велс и од Југославија (подоцна Србија и Црна Гора, сега две посебни држави). По овие порази следеле уште и два пораза од Италија, а победата од 3-0 над Србија и Црна Гора била мала утеха, бидејќи Финците завршиле како четврти во групата. Во квалификациите за Светското првенство во 2006 година Финска не успеала да освои ниту бод во шест натпревари против врвните три екипи во својата група, Холандија, Чешката Република и Романија. Муринен бил отпуштен во јуни 2005 година и бил заменет од страна на чуварот Јирки Хелискоски, но резултатите не се подобриле.
Во Август 2005 година било објавено дека Рој Хоџсон ќе стане новиот фински тренер во 2006 година, а тој започнал со работа во јануари 2006 година. Хоџсон поднел оставка како менаџер, откако не успеале да се квалификуваат за Евро 2008. Негова замена бил Шкотланѓанецот Стјуарт Бекстр, кој потпишал договор до крајот на квалификациските натпревари за Европското првенство во 2012 година.
Блиска историја
За време на квалификациите за Еуро 2008, Финска била на местото како нивната "златна генерација", со тим составен од играчи како Јари Литманен, Сами Хипија, Микел Форсел, Хану Тихинен, Петри Пасанен, Јонас Колка, Мика Ваиринен и Тему Таинио. Финска требала да победи на својот последен квалификациски натпревар во Португалија, за да се квалификува на нивниот прв голем фудбалски турнир. Меѓутоа, натпреварот завршил 0-0, што значело дека тимот не се квалификувал за турнирот, со што Финска ја завршила групната фаза со 24 бода, а Португалија со 27 бода. Сепак, прикажаната игра во квалификациите довела до тоа да Финците стигнат до нивното најдобро досега светско рангирање на списокот на ФИФА и тоа на 33-тото место.
Во квалификациските натпревари за Светското првенство во 2010 година, под водство на новиот тренер Стјуарт Бекстр, Финска повторно завршила трета во својата група со пет победи, три нерешени резултати и два пораза. Тие биле единствениот тим во квалификациите кој не изгубил, од евентуално третопласираната Германија; и во домашните и во гостинските натпревари Финска ја одвела Германија само да признаените доцни изедначувања. Финска заврши со разочарувачко четврто место во квалификациите за ЕП 2012, со само три победи, од кои две против малите од Сан Марино.
Во квалификациските натпревари за Светското првенство во 2014 година, најдобриот резултат на Финска бил нерешено 1-1 со моменталниот светски шампион Шпанија. Тие завршиле на третото место во групата I од пет екипи, зад Шпанија и Франција. Финска завршила на четвртото место во квалификациите за ЕП 2016, но постигнале уште еден вреден да се спомене резултат. Амбицијата на Џоел Похјанпало ги довела Финците до победата од 1-0 против поранешниот европски шампион Грција, која стигнала до втората рунда од Светското првенство во 2014 година и била на првото место од нивната квалификациска група.
Во квалификациите за Светското првенство во 2018 година, Финска завршила на разочарувачко петто место во својата група, со само две победи, иако една од нив била против Исланд, кој завршил на врвот од квалификациската група.
Стадиони Повеќето од финските важни домашни натпревари се играле на Олимпискиот стадион во Хелсинки во главниот град Хелсинки. Тој бил главниот домашен стадион на Финска, уште од времето кога неговата изградба била завршена во 1938 година. Пред тоа, Палокента во Хелсинки бил најмногу користен.
Денес, некои квалификациски натпревари против противници од понизок ранг, како и некои пријателски натпревари се одржуваат на стадионот Ратина во Тампере. Хелсиншката Телиа 5G-арена, која има вештачки тревник се користи, исто така, за некои пријателски и квалификациски натпревари. За време на реконструкцијата на Олимпискиот стадион во Хелсинки од 2016-2019 година стадион Ратина служел како главен стадион за квалификациски натпревари. мини|300x300пкс|Навивачите на Финскиот Национален Тим на Олимпискиот стадион во Хелскинки во 2009.
Компетитивни рекорди
Рекорди на Светско Првенство Рекорд на Светско ПрвенствоРекорд на квалификации за Светско ПрвенствоГодинаРундаПозицијаОдигПобНерИзгГЗГПОдигПобНерИзгГЗГП 1930Не влеглеНе влегле 1934 1938Не се квалификувале300307 1950Се откажале при квалификации201114 1954Не се квалификувале4022713 19584004219 19624004312 19666105520 19706105628 19746114321 197862041116 19828107427 19868323712 19906114416 199410217918 199883231112 20028332127 2006125162119 2010105321414 2014823359 201810235913 202283231010 2026Ќе биде одлучено211032Вкупно0/23139362677147299
Рекорди на Европско Првенство Рекорд на Европско ПрвенствоРекорд наквалификации за Европско ПрвенствоГодинаРундаПозицијаОдигПобНерИзгГЗГПОдигПобНерИзгГЗГП 1960Не влеглеНе влегле 1964 1968Не се квалификувале6024512 19726015116 19766015313 198062221015 19846015314 19886114410 1992814358 1996105051818 200083141313 20048314910 200814662137 2012103161616 201610334910 2020Групна фаза3310213106041610 2024Не се квалификувале106041810Вкупно0/17124392461143182
УЕФА Лига на Нации Рекорд во УЕФА Лига на НацииГодинаДивизијаРундаПозОдигПобНерПорГЗГПГР2018–19ЦГрупна фаза Промовирани1640253 +22020–21БГрупна фаза2640275 +22022-23БГрупна фаза2622286 +22024-25БГрупна фазаИспаднати46006213 -11Вкупно24102122227-5
Летни олимписки игри Рекорд на ОИГодинаРундаПозОдигПобНерПорГЗГП 1896Не биле вклучени 1900 1904 1908 1912Четврто Место4ти4202516Since 1917, Declaration of Independence 1920Не се квалификувале 1924 1928 1932 1936Топ 1614ти100137 1948Не се квалификувале 1952Топ 169ти100134 1956Не се квалификувале 1960 1964 1968 1972 1976 1980Групна фаза9ти311132 1984Не се квалификувале 1988 1992 1996 2000 2004 2008 2012 2016 2020Вкупно4/230 Титули93151429
Нордиско фудбалско првенство Рекорд на Нордиско фудбалско првенствоГодинаРундаПозОдигПобНерПорГЗГП1929–32Четврто Место4ти1222823521933–361231818361937–4712111012511948–511213811281952–5512111013531956–591201118441960–631222814371964–67Трето Место3ти1252514171968–71Четврто Место4ти1204810311972–771214710261978–80614710261981–8561147112000–01Шампиони1ви540173Вкупно1 Титула13/14137212492150401
Балтички Куп
Рекорд на Балтички КупГодинаРезултатОдигПобНерПорГЗГП2012Второ Место2110322014Трето Место210121Вкупно2/27421153
Рекорд на сите времиња против сите нации Ова листа е целосниот рекорд на Финската репрезентација, и тоа пријателски и компетитивни натпревари.
ПротивОдиграниПобедениНерешениПоразениГЗГПГВ% Победени
Скорешни натпревари и резултати
Играчи
Моментален тим