десно|мини|Фреска од Вилата на Мистерии. Помпеја, 80 п.н.е Римската уметност се однесува на визуелните уметности во Рим и на териториите на Римското Царство. Римската уметност ја вклучува архитектурата, сликарството, скулптурата и изработката на мозаици. Луксузните предмети изработени од метал, гравирањето скапоцени камења, резбите од слонова коска и обработката на стакло биле сметани за помали форми на римска уметност. Скулптурата се сметала за највисока форма на уметничко дело од страна на Римјаните, но ценето било и фигуративното сликарство.

Римската керамика во terra sigillata била украсена со релјефи кои биле одраз на вкусот на Римјаните. Римските монети биле нашироко распространети и истите во голем број преживеале до денес. мини|Развој и ширење на Римското Царство

Контекст Римското Царство на врвот на својата моќ (за време на царот Адријан од 117-138. године), се протегало од Северна Англија и Рајна до работ на Африканската пустина, односно од западниот брег на Пиринејскиот Полуостров до Црвеното Море и Месопотамија. Тоа било космополитско општество со шаренолик етнички состав, каде националните и регионалните црти биле апсорбирани во еден генерален римски модел диктиран од престолнината - Рим. Римската цивилизација наметнувала почитување на нејзините закони, поредок и симболи на власта но за возврат го асимилирала во себе културното наследство на Стара Грција и на други стари цивилизации (Египет и Месопотамија) создавајќи свој сопствен уметнички израз. Рим како држава бил преокупиран со своите практични потреби (политички, воени, економски, административни), па оттука и неговата уметност го носи тој практичен белег. Една од главните одлики на оваа уметност е величењето на моќта и глорификацијата на власта па затоа римските градби и архитектонските дела со нивната оригиналност и монументалност фрлаат сенка на вајарството и на сликарството.

Хронологија

Римско Кралство (9 век п.н.е. – 509. година п.н.е) Римска Република (509. г.п.н.е. – 27. година п.н.е, и почеток на владеењето на првиот цар Октавијан Август) Римско Царство (27. п.н.е. – 476. година, до последниот западно-римски цар)

Римската уметност опфаќа две фази кои се проучуваат:

Класична римска уметност или Царски период (1 век п.н.е - 2 век) - се заснова врз старогрчките канони прилагодени на римските потреби Доцна античка уметност (3 - 5 век) - поделба на царството на провинции и појава на ранохристијанска уметност

Вовед

Традиционалниот поглед на римските уметници е дека тие често позајмувале и ги копирале грчките претходници (голем дел од грчките скулптури познати денес се во форма на римски мермерни копии). Римската уметност во голема мера се потпирала на грчки модели, но таа истовремено ја опфаќа и етрурската па дури и египетска визуелна култура. Стилистичкиот еклектицизам и практичната примена се белегот на римската уметност.мини|Подготвување животинска жртва; мермер, дел од архитектонски релјеф, во првиот квартал од 2-иот век; Рим, Италија|алт=Плиниј, најважниот римски историчар, во врска со уметностите запишал дека речиси сите форми на уметност – скулптурата, пејзажното сликарство и портретното сликарство – биле развиени во грчко време, а во некои случаи, и понапредни отколку во Рим. Иако многу малку останало од грчката ѕидна уметност и портретите, показател на тоа е грчката скулптура и вазното сликарство. Овие форми не биле надминати од римските уметници во финоста на дизајнот или изработката. Како друг пример на изгубеното "златно доба", тој го издвојува Пејраикос, "чие мајсторство само малкумина го достигнале“... Пејраикос сликал берберници и чевларски тезги, магариња, зеленчук и поради тоа бил наречен "сликар на вулгарни тематики“Sybille Ebert-Schifferer, Still Life: A History, Harry N. Abrams, New York, 1998, p. 15, Придавката "вулгарен" тука се користи во оригиналната смисла и значи "вообичаен".

Грчките претходници на римската уметност биле легендарни. Во средината на 5 век п.н.е, најпознати грчки уметници биле Полигнот, истакнат по неговите ѕидни мурали и Аполодор, основоположник на техниката кјароскуро. За развојот на реалистичната техника заслужни биле Зеуксис и Пархасиј, кои според старогрчката легенда, еднаш се натпреварувале во кој има поголем талент во trompe l'oeil сликарството.Ebert-Schifferer, p. 16 Во скулптурата најпознати вајари биле Скопас, Праксителес, Фидија и Лисип. Римските уметници имале многумина од кого да ја копираат уметноста, бидејќи трговијата со уметност брзо се ширела низ царството и многу од грчкото уметничко наследство нашло свој пат во римската уметност преку книгите и образованието. Старогрчките трактати за уметностите постоеле и во римско време макар што сега се изгубени.Piper, p. 252 Многу римски уметници потекнувале од грчките колонии и провинции. мини|Фајумски мумиски портрет на жена од Римски Египет. Кралски Музеј на Шкотска.Големиот број римски копии на грчката уметност воедно зборува за почитта што римските уметници ја имале кон грчката уметност.Janson, p. 158 Многу од уметничките форми и методи користени од страна на Римјаните – како што се високиот и нискиот релјеф, скулптурата, изработките од бронза, вазното сликарство, мозаикот, камео, монетите, накитот и изработките од метал, погребната скулптура, цртањето перспектива, карикатурата, жанровото и портретното сликарство, пејзажното сликарство, архитектонската скулптура и trompe l'oeil сликарство – биле развиени или рафинирани од страна на старогрчките уметници.Piper, p. 248–253 Исклучок е римската биста, која не вклучува рамења. Традиционалните бисти со глава и рамења можеби биле етрусканска или раноримска форма.Piper, p. 255 Речиси секоја уметничка техника и метод користена од страна ренесансните уметници, 1,900 години подоцна, била прикажана од страна на старогрчките уметници, со исклучок на маслените бои и математички точната перспектива.Piper, p. 253 Додека грчките уметници биле високо почитувани во нивното општество, повеќето римски уметници биле анонимни и попрво се сметале за трговци. Нема записи, како во Стара Грција, за големите мајстори на римската уметност и делата практично не се потпишани. Додека Грците ги обожувале естетските квалитети на уметноста и опширно пишувале за уметничката теорија, римската уметност била попрво декоративна, го покажувала статусот и богатството и не била тематика со која се занимавале научниците или мислителите.Piper, p. 254

Римската култура асимилирала многу култури и во најголем дел била толерантна околу начините на освоените народи. Таа била повластена, се прикажувала, и тоа во многу поголеми количини, приспособена да се користи повеќе отколку во грчко време. Богатите Римјани биле материјалисти. Тие ги украсувале нивните ѕидови со уметност, домот со декоративни предмети а себеси се украсувале со накит.

Во христијанската ера, на крајот на империјата, од 350 до 500 година, просперирале ѕидното сликарство, таванскиот и поден мозаик и погребната скулптура додека вајарството и сликарството изумирале.Piper, p. 261 Кога Константин го преселил главниот град на империјата Византија (преименуван во Цариград), римската уметност во себе прифатила источни влијанија за на крајот да се произведе византискиот стил. Кога Рим пропаднал во 5 век, занаетчиите се преселиле во источната престолнина за да најдат работа. Црквата Света Софија во Цариград вработила речиси 10,000 работници и занаетчии, за време на Царот Јустинијан (527-565 година) под чиј налог биле создадени и познатите мозаици на базиликата Сан Витале во градот Равена.Piper, p. 266

Сликарство десно|мини|Помпејанско сликарство, Помпејамини|Херакле и Омфале, римска фреска Помпејански четврти стил (45-79 година), Национален Археолошки Музеј, Неапол, Италија Од огромниот корпус римско сликарство останал многу мал дел. Најпознати и најзначајни слики се ѕидните од Помпеја, Херкуланеум и други наоѓалишта во близина, кои покажуваат како жителите на богатите крајбрежја ги украсувале нивните ѕидови во векот пред фаталната ерупција на Планината Везув во 79 година. Низа од стилови се дефинирани и анализирани од страна на модерните историчари на уметност.

Од 3 век до околу 400 година постои голем корпус на слики од Римските катакомби, од кои не се сите христијански. Тие прикажуваат продолжување на домашната декоративна традиција во прилично поскромно социјално милје од големите куќи во Помпеја. Останало доста и од палатата на Нерон во Рим, Домус Ауреа, како пример за веројатно најквалитетното ѕидно сликарство во тоа време. Од Египет кој станал римска провинција постојат голем број портрети познати како Фајумски мумиски портрети. Тие се портрети изработени на дрво и ставани врз мумиите од страна на романизираната средна класа. Иако нивниот карактер е премногу локален, тие сведочат за римскиот стил во сликањето портрети.

Ништо не останало од грчките слики донесени во Рим во 4 и 5 век или од сликите изработени на дрво во Италија во текот на римскиот период. Опсегот на примероци се ограничува на само 200 години од деветстогодишната римска историјаJanson, p. 190 и главно, на провинциското и на декоративно сликарство. Поголемиот дел од ѕидното сликарство е изработено со користење на секо ("сув") метод, но во римско време постоело и фреско сликарството. Некои мозаици и натписи биле адаптации или копии на претходни грчки дела. Додаток на конфузијата е фактот дека натписите можеби се имиња на имигрирани грчки уметници од римско време, а не на старогрчки оригинали кои биле копирани. На Римјаните во споредба со Грците им недостигала традицијата на фигуративното вазно сликарството. мини|225x225px|Свадбата на Зефир и Хлорис (54-68 година, Помпејански четврти стил), Каза дел Навиљо |алт= Теми во сликарството Римското сликарство прикажува широк спектар на теми: животни, мртва природа, сцени од секојдневниот живот, портрети и некои митолошки теми. Во текот на хеленистичкиот период, тоа евоцирало селски идили и претставувало сцени со овчари, стада, селски храмови, планински пејзажи и куќи. Еротските сцени исто така се релативно чести. Во доцната империја, по 200 година, на ѕидовите на катакомбите преживеале ранохристијанските теми помешани со паганските слики.Piper, p. 260мини|Боскотреказе, Помпеја. Трет стил|270x270px Пејзажи  Главната иновација на римското сликарство во споредба со грчката уметност била во развојот на пејзажите, конкретно инкорпорирање на техники на перспективата, иако вистинската математичка перспектива била развиена 1500 години подоцна. Површинските текстури, засенчувањето и колоритот се добри но недостасува прецизна просторна длабочина. Некои пејзажи биле чисто сцени на природата, особено градини со цвеќе и садници, додека други биле архитектонски видици кои прикажувале  урбани градби. Други пејзажи покажувале епизоди од митологијата. Најпознати митолошки сцени се оние од Одисеја.Janson, p. 191

Мртва природа Темите на римската мртва природа често се ниши или полици со различни секојдневни предмети, вклучувајќи овошје, живи и мртви животни, морски плодови и школки. Примерите на стаклени тегла полни со вода вешто биле сликани и подоцна служеле како модели за истата тема честопати сликана во периодот на ренесансата и барокот.Janson, p. 192мини|Северан Тондо, панел слика на семејство, околу. 200 г., Берлин|алт=|228x228px Портрети Плиниј се жалел дека уметноста на римскиот портрет назадува, "Сликањето портрети кое се користи за да се пренесат низ вековите точните сличности на луѓе, целосно исчезна ... Мрзата ги уништи уметностите."John Hope-Hennessy, The Portrait in the Renaissance, Bollingen Foundation, New York, 1966, pp. 71–72Pliny the Elder, Natural History XXXV:2 trans H. Rackham 1952. Loeb Classical Library