thumb|480px|Сликата ги прикажува земјите домаќини (со виолетови точки), како и највисоките дострели на земјите учесници на светските првенства. Историјата на ФИФА Светските Првенства започнува од 1930 година. На првиот турнир учествуваат само 13 поканети земји. Денес, светските првенства се третираат како глобален феномен и вклучуваат повеќе од 200 натпреварувачки земји кои учество на турнирот бараат низ двогодишен квалификациски циклус.
Првото светско првенство е одржано во Уругвај, земјата која успева и да го освои првиот трофеј по победата над Аргентина со 4:2. Личноста која е најзаслужна за основањето на Светското првенство е французинот Жил Риме (Jules Rimet), поради што од 1950 година, титулата што му се доделува на светскиот шампион го носи неговото име - тоа е златен пехар со тежина од 1.8 килограми, направен од чисто злато. Во 1970 година, Бразил како трикратен освојувач го добива трофејот во трајна сопственост, но него го чува во своите витрини само до 1983 година кога истиот е украден. Во 1971 година претставен е новиот, уште поспектакуларен пехар, едноставно наречен ФИФА Светско првенство. Направен од 18 каратно злато, овој пехар со висина од 36 cm и тежина од 5 кг е дело на италијанскиот дизајнер Силвио Гацанини и е проценет на преку 10 милиони долари вредност. Победникот на секое светско првенство добива идентична позлатена реплика, чија изработка чини повеќе од 50.000 долари.
Победници на Светските Првенства низ историјата Година Домаќин Финале Натпревар за трето место ПобедникРезултатВторо место Трето местоРезултатЧетврто место 1930 Опширно Уругвај 4–2 Аргентина САД Југославија немаВо 1930 година не се игра натпревар за трето место; САД и Југославија беа поразени во полуфиналињата. 1934 Опширно Италија 2–1 п.п. Чехословачка Германија 3–2 Австрија 1938 Опширно Италија 4–2 Унгарија Бразил 4–2 Шведска 1950 Опширно Уругвај Во 1950 година не се одржува официјален финален натпревар. Победникот на турнирот е одлучен после натпреварите по група меѓу четирите најдобри учесници (Уругвај, Бразил, Шведска и Шпанија). Победата на Уругвај над Бразил со 2-1 (во натпреварот познат како Мараканацо) е одлучувачкиот натпревар на Светското Првенство, а случајно е и еден од двата последни натпревари на првенството, поради што тој се смета за финале на Светското Првенство од 1950 година. Слично, победата на Шведска над Шпанија со 3-1 им овозможува на Швеѓаните да го освојат третото место (натпреварот се игра истовремено со таканареченото финале). Бразил Шведска Шпанија 1954 Опширно Западна Германија 3–2 Унгарија Австрија 3–1 Уругвај 1958 Опширно Бразил 5–2 Шведска Франција 6–3 Западна Германија 1962 Опширно Бразил 3–1 Чехословачка Чиле 1–0 Југославија 1966 Опширно Англија 4–2 п.п. Германија Португалија 2–1 Советски Сојуз 1970 Опширно Бразил 4–1 Италија Западна Германија 1–0 Уругвај 1974 Опширно Западна Германија2–1 Холандија Полска 1–0 Бразил 1978 Опширно Аргентина 3–1 п.п. Холандија Бразил 2–1 Италија 1982 Опширно Италија 3–1 Западна Германија Полска 3–2 Франција 1986 Опширно Аргентина 3–2 Западна Германија Франција 4–2 п.п. Белгија 1990 Опширно Западна Германија 1–0 Аргентина Италија 2–1 Англија 1994 Опширно Бразил 0–0 п.п. (3–2) пенали Италија Шведска 4–0 Бугарија 1998 Опширно Франција 3–0 Бразил Хрватска 2–1 Холандија 2002 Опширно & Бразил 2–0 Германија Турција 3–2 Јужна Кореја 2006 Опширно Италија1–1 п.п.(5–3) пенали Франција Германија 3–1 Португалија 2010 Опширно 2014 Опширно 2018 Опширно Ќе се одлучи (се очекува Европа)
Белешки
Надворешни врски
Официјално мрежно место на ФИФА Историја на светските првенства
Категорија:Светско првенство во фудбал
ka:მსოფლიო საფეხბურთო ჩემპიონატი#ისტორია