десно|мини|Димитриу во 2003
Јоана Димитриу (; р. ) е романско-американска математичарка, која работи како професор по математика на Универзитетот во Вашингтон.Curriculum vitae , 2009, retrieved 2014-12-24. Нејзините истражувачки интереси ги вклучуваат теоријата на случајни матрици, бројчените анализи, научното користење на компјутерите и теоријата на игри.
Живот
Димитриу е ќерка на двајца романски професори по електротехника од Букурешт. На почетокот на нејзиниот живот таа покажувала знаци дека има математички талент, а на 11 години победила на националниот натпревар по математика. Се вклучила во кампови за обука по математика, за подготвување за учество на романскиот тим на Меѓународната Математичка Олимпијада, иако нејзиното највисоко ниво на учество на олимпијадие бил националниот полуфинален натпревар.
Како 19-годишен бруцош на Универзитетот во Њујорк, Димитриу веќе посетувала часови по математика за дипломанти. Дипломирала со највисока чест од Универизтетот во Њујорк во 1999 година со Б.А. по математика и мало познавање по компјутерски науки. Докторирала во 2003 година на Институтот за технологија во Масачусетс, под надзор на Алан Еделман, со тезата за статистички специјален сет од скалари придружени со линеарен систем од равенки за бета групи на примероци. По пост-докторското истражување како истражувачки соработник на Милер на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, се приклучила кон факултетот на Универзитетот во Вашингтон во 2006 година.
Награди и признанија
Димитриу ја добила наградата Алис Т. Шафер за извонредност по математика, како недипломирана жена во 1996 година,Seventh Annual Alice T. Schafer Prize , Association for Women in Mathematics, retrieved 2014-12-30. како и наградата „Лесли Фокс“ за бројчена анализа во 2007 годинаIMA Leslie Fox Prize for Numerical Analysis Winners, retrieved 2014-12-24. (доделена на млад истражувач на бројчени анализи, кој се истакнува и со математички и со презентациски вештини). Во 2009 година ја добила наградата КАРИЕРА од Националната Фондација за Наука. Во 2012 година, таа станала една од инаугуративните соработници на Американското математичко друштво.List of Fellows of the American Mathematical Society , retrieved 2014-12-24.
Прва жена соработник на Патнам Во 1996 година, како средношколец (или втора година на универзитет) на Универзитетот во Њујорк, Димитриу станала првата жена што станала соработник на Патнам, што значи дека таа освоила една од првите пет резултати на математичкиот натпревар Вилијам Лоуел Патнам. Во 1995, 1996 и 1997 година ја освоила наградата Елизабет Ловел Путман, која се доделува на врвната жена на натпреварот, што е рекорд што не бил изедначен дури десет години подоцна, кога Алисон Милер ја освоила истата награда во три последователни години.Putnam Competition Results: Harvard Captures Top Prize, Mathematical Association of America, March 17, 2008, retrieved 2014-12-24.
Наводи
Одбрани публикации
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бројчени аналитичари Категорија:Романски математичари Категорија:Американски математичари Категорија:Математичарки Категорија:Романски емигранти во САД Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт