Бјелско-Бјала (, , , ) – град во Полска во Шлеското Војводство. Според пописот на населението во 2011 година во градот живееле 174.534 жители. Градот се наоѓа во јужна Полска, на границата на историската Горна Шлеска и Малополска. Бјелско-Бјала се состои од два града на двата брега на реката Бјала. Градовите Бјелско и Бјала биле споени во 1951 година.
Историја Стариот град Бјелско бил создаден меѓу 12 и 14 век. Овде се преработувала железна руда. Германските доселеници се доселиле во втората половина на 13 век на повик на локалниот војвода. Градот добил градски привилегии во 1312 година. Реката Бјала со векови била граница на Чешка Шлеска (дел Светото Римско Царство) и Полското Кралство. Бјелско ѝ припаѓало на Чешка, и по таа линија од 1526 година им припаднало на Хабсбурговците.
Малото место на другиот брег, Бјала, името го добило во 1584 година. Со време тука се доселуваат протестанти од Бјелско. Статус на град Бјала го добила во 1723 година. Од втората поделба на Полска во 1772 година Бјала ѝ припаѓа на Австрија, односно на крунската земја Галиција.
После Првата светска војна двата града ѝ биле доделени на Полска и покрај фактот што поголемиот дел од населението биле Германци. Во 1945 година градовите ги зазела Црвената армија и германското население било протерано.
Градот Бјелско-Бјала бил формиран на 1 јануари 1951 година. Бјелско-Бјала бил главен град на сопствено војводство во периодот 1975–1998.
Население Според прелиминарните податоци од пописот, во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.
Стопанство Денес Бјелско-Бјала е еден од најразвиените градови во Полска, со мала стапка на невработеност (5%). Градот е познат по текстилната индустрија, машиноградбата и автомобилската индустрија.
Партнерски градови Волфсбург - Гранд Рапидс - Липштат - Крагуевац - Лилинтал - Монреале - Жилина - Безансон - Ако - Баја Маре -
Наводи
Надворешни врски
Bielsko-Biała - Municipal website Bielsko - Aerial photos Bielsko-Biała Museum Jewish Community in Bielsko-Biała on Virtual Shtetl
Категорија:Градови во Шлеското Војводство Категорија:Градски окрузи во Полска Категорија:Населени места основани во 1951 година