Глаучица — утврдена населба од римско време. На 2 километри јужно од селото Бањица, на десниот брег на селската река и покрај патот за Отиштино, на една мала височина во вид на голем тумул има видливи ѕидови од кршен камен и варов малтер, а во средишниот дел на утврдувањето постојат контури од објект. По површината се среќава множество фрагменти од керамички садови, тегули и градежен материјал.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Чашка Категорија:Бањица