Џун Далзиел Алмеида (; – )The Times Published: 18 February 2008 беше шкотски виролог која, со мало формално образование, стана доктор на науки и пионер во снимање, идентификација и дијагноза на вирусите.
Животопис Џун Далзиел Харт е родена на 5 октомври 1930 во Глазгов во семејството на Џејн Далзиел (екс Стивен) и Хари Леонард Харт, возач на автобус. Го напушта училиштето на 16 години за да работи како хистопатолошки техничар во Кралската амбуланта Глазгов. Тогаш се преместува во Болницата Св. Бартоломеј за да ја продолжи својата кариера.
На 11 декември 1954 се мажи со Енрикес Розалио (Хенри) Алмеида (1913–1993), венецуелски уметник со кого има ќерка, Џојс. Се преселуваат во Канада каде работи во Инстутутот за рак Онтарио како микроскопичар. Иако со мал број на формални квалификации, унапредена е во согласност со нејзините способности. Публикациите ѝ оддаваат признание за нејзината работа во полето на идентификување на виралните структури. Нејзините способности се препознаени од А. П. Вотерсон, тогашен професор по микробиологија во Медицинското училиште Св. Томас, кој ја убедува да се врати во Англија и да работи во болница. Алмеида развива метод за подобро визуелизирање на вирусите преку употреба на антитела. Работи на Хепатит Б и грип.
Џун ги прави првите слики од вирусот рубела користејќи имуно-електромикроскопија. Дејвид Тирел и Алмеида работат на карактеризирање на нов тип вируси, сега наречени коронавируси. Оваа фамилија вируси го вбројува и САРС вирусот.
Алмеида го следи Вотерсон во Медицинското училиште за постдипломски студии во Лондон, каде нејзините придонеси кон статиите се наградени со докторат. Ја завршува својата кариера во Велком Институтот.J. E. Banatvala, ‘Almeida , June Dalziel (1930–2007)’, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, Jan 2011 accessed 18 Oct 2012 Додека работи таму, нејзиното име се наоѓа на неколку патенти во полето на снимање на вирусите.Almeida, June Dalziel, patents, accessed October 2012 Го напушта Велком и станува инструктор по јога, но се враќа во улога на советник во доцните осумдесетти, кога помага да се снимат нови слики од вирусот ХИВ. Објавува Прирачник за брза лабораториска вирусна дијагноза во 1979.
Алмеида умира во Бексил од срцев удар во 2007.
Наводи
Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Луѓе од Глазгов Категорија:Британски виролози Категорија:Шкотски научници Категорија:Шкотски научнички