мини|266x266пкс|Островот Хусаре Хусаре е остров во Стокхолмскиот Архипелаг, североисточно од Стокхолм и јужно од Нуртелје.
Историја Островот Хусаре бил, од 15-от век па сè до 1912 година, место каде била сместена пилот станицата – од тука тргнувале т.н. пилот бродчиња кои ги спроведувале големите бродови низ каналите и опасните места на архипелагот. Во 1912 година оваа станица била затворена, а на островот денес постои мал пилот музеј.
Во 1719 година, за време на Големата северна војна, Русите го запалиле местото и голем дел од шумата на островот. Во мај 2006 година изгорела продавницата на островот.
Сообраќај Има ферибот служба на островот, а патувањето трае околу два и пол часа до центарот на Стокохолм.
Бродска компанија (шведски: Waxholmsbolaget) која е во сопственост на Стокхолмскиот округ го поврзува Хусаре со Стремкајен, а има и туристички бродови (Cinderellabåtarna) кои тргнуваат од центарот (Strandvägen) на Стокхолм.
Наводи
Надворешни врски
Husarö
Категорија:Стокхолм (округ) Категорија:Острови во Шведска