Кси-барионите или каскадни честички се фамилија на субатомски хадронски честички коишто го имаат симболот Ξ и можно е да имаат електричен полнеж (Q) од +2 e, +1 e, 0 или −1 e, каде e е елементарениот полнеж. Како и сите вообичаени бариони тие содржат три кваркови. Кси-барионите содржат еден горен или долен кварк плус два помасивни кваркови: чуден, волшебен или длабински. Тие се историски наречени каскадни честички поради нивната нестабилна состојба; брзо се распаѓаат во полесни честички преку синџир на распаѓања. Првото откривање на електризиран Кси-барион било во експериментите со космички зраци од Mанчестерската група во 1952 година. Првото откритие на неутралната кси-честица било во лабораторијата Беркли во 1959 година. Исто така била набљудувана како распаден продукт од распадот на омега-барионот () набљудуван во Брукхејвенската национална лабораторија во 1964 година.
Историја Честичката е позната како каскадна B-честица и содржи кваркови од сите три семејства. Била откриена од D0 и CDF експериментите во Фермилаб. Откритието било објавено на 12 јуни 2007 година. Била првата позната честица направена од кваркови од сите три кваркови генерации – долен, чуден и длабински кварк. Соработките D0 и CDF ги пријавиле постојаните маси на новата состојба. Според Честичната податочна група просечната маса е .
Освен ако е посочено, негорната/долната кваркова содржина на кси-барионите е чудна (т.e. има еден горен или долен кварк и два чудни кваркови). Меѓутоа содржи еден горен, еден чуден, и еден долен кварк, додека содржи еден горен и два долни кваркови.
Во 2012 г., експериментот CMS во Големиот хадронски судирач детектирал барион (пријавена маса ). Соработката LHCb во ЦЕРН откриле два нови Кси-бариони во 2014 година: и .
Во 2017 г., истражувачите на LHCb пријавиле уште еден Кси-барион: двојно волшебниот барион, составен од два тешки волшебни кваркови и еден горен кварк. Масата на е околу 3.8 пати поголема од масата на еден протон.
Список на кси-бариони +Кси-бариониЧестичкаСимболКваркова содржинаМасаMeV/c2ИзоспинIСпинска (парност)JPQSCBСреден полуживотsСе распаѓа наКси +*0−200Кси +*−1−200Кси резонанса (1530)+0−200Кси резонанса (1530)+−1−200волшебен кси * +* +1−1 +10Погледајте распаден модволшебен кси * +*0−1 +10Погледајте распаден мод волшебна кси резонанса + +1−1 +10волшебна кси резонанса +0−1 +10двојно волшебен кси3621.40 ± 0.72 ± 0.27 ± 0.14** +* +20 +200.256±0.014×10−12 двојно волшебен кси ** +* +10 +20<[e] or [e]длабински кси ** +*0−10−1Погледајте распаден мод длабински кси иликаскада B** +*−1−10−1Погледајте распаден мод ( е исто така забележан)5935.02 ± 0.02 ± 0.01± 0.501/2+−1−10−15955.33 ± 0.12 ± 0.06 ± 0.503/2+−1−10−1(6227)−6226.9 ± 2.0 ± 0.3 ± 0.2−1−10−1 + + двојно длабински кси** +*000−2двојно длабински кси** +*−100−2волшебно длабински кси** + +10 +1−1волшебно длабински кси ** +*00 +1−1
Поврзано
Делта-барион Хиперон Ламбда-барион Список на бариони Список на мезони Список на честички Нуклеон Омега-барион Сигма-барион Времеслед на откривање на честичките
Наводи
Надворешни врски
"Direct observation of the strange b baryon Xi(b)-"
"Observation and mass measurement of the baryon Xi(b)-"
Категорија:Бариони Категорија:Јадрена физика