мини|Алберт Ајнштајн како професор Професор е личност која изведува, односно се занимава со предавање одреден предмет во средно училиште, факултет или некаква академија. Најчесто, професорот е човек со завршен факултет и положен стручен испит. Факултетските професори мора да имаат завршено магистратура и докторат и да бидат избрани во научно звање.

Во Република Македонија постојат неколку научни звања: асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Нивниот избор во исто или во повисоко звање се одвива на секои пет години.

Постои и титула „емеритус“ (Emeritus), којашто се дава на пензионирани професори, кои и понатаму остваруваат значајни достигнувања од одредена научна област.

Професорите како мотив во уметноста и популарната култура „Историја на природата“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 95-96. „Последица“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 143-144. „Помиреност“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 125-126. „Несреќна љубов“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 100. „Поинакви односи“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 7-14. „Стариот професор“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 347-348.

Наводи

Категорија:Образование Категорија:Луѓе по занимање Категорија:Педагози