Палмарола — кружен, претежно ненаселен остров во Тиренското Море, покрај западниот брег на Италија. Тоа е втор по големина од Понцијанските Острови и се наоѓа околу 10 километри западно од Понца.
Палмарола има екстремно карпест брег, полн со природни заливи, пештери и карпи. Островот е првенствено природен резерват, но има неколку пристаништа каде што можат да допловат чамци и неколку ресторани што ќе ги задоволат туристите во текот на летната сезона како и неколку мали плажи.
Познатиот француски истражувач и океанограф Жак Кусто го назначил Палмарола за "Најубавиот остров во Средоземното Море"
Папата Силвериј бил протеран на островот во 537.
Знаменитости Светилиштето на Сан Силвериј, место каде што се потврдени чуда, пристапот до локацијата е малку тежок. Мацела, природна пештера
Поврзано Список на острови во Италија
Наводи
Надворешни врски Туристички информации ,за Понцијанските Острови
Категорија:Лацио Категорија:Острови во Средоземното Море Категорија:Тиренско Море