Институт за фолклор „Марко Цепенков“ — јавна научна установа во Скопје, која е една од најстарите научни институции во Македонија.

Основање

Институтот е основан е на 6 април 1950 година со Уредба број 1183 на Владата на Народна Република Македонија, по предлог на Министерството за наука и култура (Сл. весник бр. 11/50), како самостојна научна институција од посебен национален интерес. Тогашното именување е: „Фолклорен институт на НРМ“.

Во текот на своето постоење и развиток Институтот претрпел неколку трансформации: Од јуни 1979 година Институтот за фолклор е носител на името на познатиот и еден од најплодните собирачи на македонското фолклорно и етнолошко богатство - Марко Цепенков.

Дејност Основните активости на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ се одвиваат почнувајќи од теренските истражувања со што континуирано се бележи и се следи состојбата во сите сегменти на духовната и материјалната култура на народното творештво. Материјалите од теренските истражувања во интерната институтска научно-стручна обработка се подложни на: регистрирање, чување, заштита, обработка и презентирање.

Поранешни директори на Институтот

проф. д-р Драгослав Ортаков академик д-р Блаже Ристовски д-р Кирил Ќамилов (1.11.1964-31.10.1966) д-р Цветанка Органџиева д-р Ѓорѓи Здравев д-р Галаба Паликрушева д-р Блаже Петровски д-р Васил Тоциновски д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев д-р Благој Стоичовски д-р Александра Попвасилева (1.1.1995-1.7.1997) д-р Трпко Бицевски (1.7.1997-1.7.2001) проф. д-р Севим Пиличкова (1.7.2001-15.2.2010) проф. д-р Боне Величковски (15.2.2010-15.2.2011) проф. д-р Ермис Лафазановски

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Институти при УКИМ Категорија:Придружни членки на УКИМ Категорија:Истражувачки институти во Македонија Категорија:Појавено во 1950 година