мини|десно|250п|исправено|Свети Александар на живопис во пештарната црква „Св. Марена“ кај Туминец. Туминец (, но офиц. Tuminec) — село во географската област Мала Преспа, Општина Пустец од Област Горица, Албанија. Проценувано е дека селото имало 950-1000 жители во 2007 година,Бело, Раки. Селищни имена в Мала Преска - Албания, во: Македонски преглед, ХХХ, №3, стр.135. што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 година.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители.

Историја Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед.

Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 година, му било дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот „kallam“ што значи трскаkallam,-i, Албанско-македонски речник — офф.нет. Во 2013 година, му било вратено изворното име Туминец (Tuminec) со службениот повраток на топонимијата во Општина Пустец.

Економија Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур.

Демографија Населението брои 800 жители. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.

Родови

Во селото живеат православни Македонци од следните родови:

Андоновци Вурмовци Јанкуловци Кацериновци Келепуровци Митревци Милевци | Мишовци (Трајчевци) Поповци Ставревци Суљовци Темелковци Трифуновци Шулевци

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Македонците го пошумија дворот на манастирот „Света Марена“ во Туминец Откриена неолитска населба кај Туминец, Мала Преспа Традиционално македонско пеење од Мала Преспа, с. Туминец Откриени уникатни записи на византиско нотно писмо во Туминец ФК Туминец победник на традиционалниот фудбалски турнир „Преспа” 2010

Категорија:Села во Албанија Категорија:Македонски населби во Албанија