Владимир Владимирович Путин (; р. година) — руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 2000 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петербург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.Putin Hails Vote Victory, Opponents Cry Foul RIAN.

Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесеттите години. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите трипати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%.Putin's Economy – Eight Years On . Russia Profile, 15 August 2007. Посетено на 23 April 2008of Russia from 1992 to 2007 International Monetary Fund Посетено на 12 May 2008Russia’s economy under Vladimir Putin: achievements and failures RIA Novosti Посетено на 1 May 2008. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз.

Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска велесила.Russia, China in Deal On Refinery, Not Gas by Jacob Gronholt-Pedersen. Wall Street Journal, Sept 22, 2010Did A New Pipeline Just Make Russia The Most Important Energy Superpower By Far by Graham Winfrey. Business Insider, 6 Jan 2010. Освен тоа, Путин поддржал и развој на јадрената и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестицииПОСТУПЛЕНИЕ ИНОСТРАННЫХ ИНВЕСТИЦИЙ ПО ТИПАМ Rosstat донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.

Во Русија, водството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтингИндексы levada.ru. Според некои, голем дел од неговите дела се одликувале како недемократски. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор,, кое Путин категорично го негира.

Рани години мини|лево|Путин со неговата мајка, Марија Ивановна, во јули 1958 Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација)Biography at the Russia's Prime Minister web site, in Russian како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години. Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде честопати престојувал и самиот Владимир Путин..

Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот кнез на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да стане ПутинPravda, English Edition, 5 ноември 2002.

Во својата автобиографија Во прво лице кое се заснова на интервју со Путин, се зборува за скромниот живот на Путин кој живеел во комунален стан во Ленинград. На 1 септември 1960 година тој започнал да оди во училиштето број 193 кое се наоѓало спроти неговата куќа. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сè уште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.

Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет.theme: Выпускники за 1975 г. Saint Petersburg State University's website. ("The principle of most favored nation").. Неговата докторска тема била под наслов "Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи" според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика.. Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 годинаВладимир Путин. От Первого Лица. Chapter 6 . Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Анатолиј Собчак во тоа време бил доцент и предавал на Путин.

Кариера во КГБ thumb|140px|left|upright|Путин во КГБ, 1980 Путин се приклучил во КГБ во 1975 година, по дипломирањето, и бил подложен на обука од една година во 401-то училиште во Охта, Ленинград. Тој потоа продолжил да работи кратко време како контраразузнавач пред да биде префрлен во главната дирекција на КГБ каде меѓу своите должности му биле следење на странски државјани и на конзуларните функционери во Ленинград.

Во периодот од 1985 до 1990 година, Путин од страна на КГБ бил пуштен во Дрезден, Источна Германија. По падот на источногерманската влада, Путин бил повикан да се врати во Ленинград, каде во јуни 1991 година започнал да работи во Ленинградскиот државен универзитет кај заменик-ректорот Јуриј Молчанов.. Путин конечно поднел оставка како агент на КГБ со ранг на потполковник на 20 август 1991 година.<ref name="R. Sakwa p. 10", односно на вториот ден од неуспешниот Агустовски пуч против советскиот претседател Михаил Горбачов.R. Sakwa Putin: Russia's Choice, pp. 10-11. Путин подоцна за овие настани изјавил: „Штом започна ударот, јас веднаш одлучив на која страна ќе бидам“ и покрај тоа што неговиот избор бил тежок, бидејќи претходно најголемиот дел од својот живот работел во органите на КГБ.R. Sakwa Putin: Russia's Choice, p ноември

Рана политичка кариера Санкт Петербург

Во мај 1990 година, Путин бил назначен за советник за меѓународни прашања на тогашниот градоначалник и негов пријател Анатолиј Собчак. На 28 јуни 1991 година бил назначен за шеф на Комитетот за надворешни односи на канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург, со одговорност да ги промовира меѓународните односи и да привлече странски инвестиции. Во тоа време Путин се нашол под истрага од страна законодавниот дом во градот. Според членовите на комисијата, Путин дозвол извоз на метали во вредност од 93.000.000 $, во замена за надворешна помош во храна што никогаш не пристигнала. И покрај препораката на Европската комисија дека Путин треба да биде отпуштен, Путин останал на позицијата шеф на Комитетот за надворешни односи до 1996 годинаPutin's Name Surfaces in German Probe by Catherine BeltonThe Man Who Wasn't There by Nick Paton Walsh. The Observer, 29 February 2004..

Москва

Во 1996 година, Анатолиј Собчак бил поразен на изборите во Санкт Петербург за градоначалник. Путин бил повикан во Москва и во јуни 1996 година станал заменик-шеф на претседателскиот кабинет за управување со имот, каде на чело се наоѓал Павел Бородин. На таа позиција останал до март 1997 година.

На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именувал Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, каде на таа позиција останал до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначил за шеф на ФСБ, каде се задржал до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Прв премиерски мандат thumb|Путин со претседателот Борис Елцин на 31 декември 1999, кога Елцин ја најавил својата оставка На 9 август 1999 година, Владимир Путин бил назначен за еден од трите заменик-премиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин станал премиер поставен од страна на Ворис Елцин.. Елцин исто така изјавил дека сака да го види Путин како негов наследник на претседателската функција. Подоцна Путин се согласил да се кандитира за претседателYeltsin redraws political map BBC, 10 August 1999. На 16 август Државната дума го одобрило неговото назначување за премиер со 233 гласа, наспроти 84 против, 17 воздржаниYeltsin's man wins approval BBC, 16 August 1999.. По неговото именување, тогаш непознатиот Путин за поголемата руска јавност, аналитичарите очекувале дека неговиот мандат нема да трае долго, слично како и неговите претходници.

Како главни противници застанале московскиот градоначалник Јуриј Лужков и поранешниот премиер Евгениј Примаков, кој веќе воделе кампања да го заменат Елцин од претседателската позиција. Популарноста на Путин во голема мера се зголемила кога Исламската меѓународна бригада ја започнала Дагестанската инвазија, главно поради неговата непопустливост во однос на конфликтот на Северен Кавказ.

Вршител на должност

На 31 декември 1999 година, Елцин неочекувано поднел оставка од позицијата претедател на Руската Федерација. Според уставот, Путин станал в.д. претседател.

Претседателската должност Путин ја потпишал на 31 декември 1999 година. Освен ова била потпишана и гаранција за поранешниот претседател на Руската федерација и членовите на неговото семејство.УКАЗ от 31 декабря 1999 г. № 1763 О ГАРАНТИЯХ ПРЕЗИДЕНТУ РОССИЙСКОЙ ФЕДЕРАЦИИ, ПРЕКРАТИВШЕМУ ИСПОЛНЕНИЕ СВОИХ ПОЛНОМОЧИЙ, И ЧЛЕНАМ ЕГО СЕМЬИ. Rossiyskaya Gazeta«Развращение» первого лица. Госдума не решилась покуситься на неприкосновенность экс-президента. . newizv.ru 18 March 2004., според која нема да бидат покренети обвиненија за корупција против претседателот во заминување.

Додека неговите противници се подготвувале за изборите во јуни 2000 година, оставката на Елцин резултирала со претседателски избори кои биле закажани во март 2000 година, на кои Путин победил со 53% од гласовитеHistory of Presidential Elections in Russia: Infographics RIAN.

Прв претседателски мандат

Владимир Путин бил инаугуриран за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал дектет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.