Евдокија Ивановна Носал (, ) беше помлад поручник и заменик командант на скадрила во 588. Ноќен бомбашки полк за време на Втората светска војна. Посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 24 мај 1943 годинаУказ Президиума Верховного Совета СССР «О присвоении звания Героя Советского Союза начальствующему составу Военно-Воздушных сил Красной Армии» от 24 мая 1943 года // Ведомости Верховного Совета Союза Советских Социалистических Республик : газета. — 1943. — 31 мая (№ 20 (226)). — С. 1, станувајќи првата жена пилот што ја добива оваа титула за време на војната.
Цивилен живот
Носал е родена на 31 март 1918 во украинско семејство во селото Бурчак во Украинската Народна Република, што денес се наоѓа во денешна Украина. Работи како наставничка во Михајлов, пред да дипломира на воздухопловниот клуб во Херсон во 1940. По завршувањето на воздухопловното училиште, работи како инструктор за летање во Николаев сѐ до придружувањето во армијата во 1941 година.
Воена кариера
Носал ѝ се придружува на армијата на почетокот на Големата Патриотска војна и е испратена на Јужниот фронт во мај 1942 по завршувањето на обуката на училиштето за воено воздухопловство Енгелс. Доделен ѝ е Орден на Црвената Ѕвезда на 9 септември 1942; по 215 летови на кои испушта 31 276 килограми експлозив над силите на Оската, го добива и Орденот на Црвеното Знаме на 31 декември 1942.
По полетувањето ноќта на 22 април 1943 и бомбардирањето на мета, авионот со кој пилотира Носал е следен од германски Месершмит Бф 110 и е нападнат од тешка противвоздухопловна артилерија. Еден експлозив влегува во кабината на авионот По-2 и шрапнел ја погодува Носал директно во главата. Нејзиниот навигатор Глафира "Ирина" Каширина успева да преземе контрола и безбедно да го слета авионот. Евдокија Носал умира на нејзиниот 354-ти лет, во раните утрински часови на 23 април 1943 на 25-годишна вораст.
Награди и почести
Херој на Советскиот Сојуз Орден на Ленин Орден на Црвеното Знаме Орден на Црвената Ѕвезда
Поврзано
Список на хероини на Советскиот Сојуз „Ноќни вештерки“ Марина Раскова Поликарпов По-2
Наводи
Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Херој на Советскиот Сојуз Категорија:Советски пилоти од Втората светска војна Категорија:Советски војници убиени во Втората светска војна Категорија:Жени пилоти Категорија:Украински жени пилоти Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Херои на Советскиот Сојуз