Полина Владимировна Гелман (, ; — ) — наградуван советски војник, што го добива признанието Херој на Советскиот Сојуз за нејзините заслуги во познатата единица Ноќни вештерки за време на Втората светска војна.
Ран живот Родена е во работничко еврејско семејство од украинскиот град Бердичив во 1919 година, а по смртта на нејзиниот татко живее во Гомељ, Белорусија со нејзината мајка. Во 1938 година завршува десет одделенија и учи средно училиште пред да се запише на Московскиот Државен универзитет, каде студира сѐ до 1941 година.
Втора светска војна Гелман волонтира во октомври 1941 година во новоформираната воздухопловна група бр. 122, која е составена од три женски воздухопловни полкови на Советските воздухопловни сили, основани од страна на Марина Раскова, по неколкуте одбивања односно дисквалификации поради нејзината висина. Станува навигатор во 1942 по обуката на военото воздухопловно училиште Енгелс и се придружува кон женскиот 588. Ноќен бомбашки полк, кој подоцна станува гарда под името 46. Таманска гарда на Ноќен бомбашки воздухопловен полк. Гелман извршува 860 мисии и се здобива со чинот потполковник пред капитулацијата на Нацистичка Германија. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз од страна на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз во 1946 година.
Повоени активности Бидејќи ја продолжува нејзината кариера како професионален воен офицер, испратена е на обука за воен преведувач, дипломирајќи на воениот институт за странски јазици во 1951 година.
Гелман живее во Москва по нејзиното пензионирање од активната служба како мајор во 1957 година. Работи во Институтот за општествени науки и предава политичка економија како факултетски инструктор до нејзиното пензионирање во 1990 година. Се здобива со чинот потполковник во резервната војска. Како член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз од 1942 година, испратена е како советник и преведувач во Куба.
Мемоарите на Гелман од нејзините години поминати како пилот се објавени во Москва во 1982 година. Умира на 25 ноември 2005 во Москва, каде што е закопана на Новодевичиските гробишта.
Почести и награди Херој на Советскиот Сојуз Орден на Ленин Два Ордени на Црвеното Знаме Два Ордени на Патриотската Војна, прва класа Два Ордени на Црвената Ѕвезда Медал „За заслуги во битка“ јубилејни медали
Поврзано
46. Гарда на ноќен бомбашки полк Список на хероини на Советскиот Сојуз Поликарпов По-2
Наводи
Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Луѓе од Бердичив Категорија:Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Советски Евреи Категорија:Украински Евреи Категорија:Советски Евреи во армијата Категорија:Советски пилоти во Втората светска војна Категорија:Украинки во Втората светска војна Категорија:Жени пилоти Категорија:Советски писателки Категорија:Писателки од 20-от век Категорија:Писатели од 20-от век Категорија:Погребани на Новодевичиските гробишта Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, прва класа Категорија:Украински жени пилоти Категорија:Навигатори на лет Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен