Суперкупот на Италија за 2018 година било 31-вото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2017-2018 и Купот на Италија 2017-2018, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Милан.
Натпреварот се одиграл на 16 јануари 2019 година на Кинг Абдула Спортс Сити стадионот во Џеда, Саудиска Арабија. Саудиска Арабија станала шестата земја која била домаќин на Суперкупот на Италија. Јувентус победил со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Кристијано Роналдо во 61-вата минута; Со тоа Јувентус станал првата екипа со 8 титули во Суперкупот на Италија.
Преглед на натпреварот Ова бил трет натпревар помеѓу Јувентус и Милан во Суперкупот на Италија. Јувентус го добил првиот двобој во 2003 во Ист Ратерофрд на пенали, а Милан, исто така на пенали, победил во 2016 во Катар. Двата тима пред натпреварот имале рекордни седум титули во Суперкупот и овде дошле да се борат за осмата.
Веќе на самиот почеток се видени неколку солидни обиди за гол на двете страни, но топката не завршила во мрежата. Тоа се случило во 34-тата минута кога погодил фудбалерот на Јувентус Матуиди, меѓутоа, голот бил поништен поради офсајд. Нешто подоцна одлична шанса за гол за Јувентус имал и Кристијано Роналдо кога одлично шутирал од волеј, но топката која ја нафрлил Даглас Коста завршила над голот. На другата страна морал да реагира и Шченсни по ударот на Чалханоглу. Сепак, гол не паднал и на полувреме се отишло со почетниот резултат 0-0.
На стартот на второто полувреме дошла најдобрата шанса за Милан кога Кутроне по еден противнапад ја погодил пречката од голот на Јувентус. И набргу потоа после нешто повеќе од еден час игра паднал и првиот гол со кој Јувентус стигнал до водство, по додавањето на Пјаниќ, Роналдо се нашол сам на пет метри од голот на Милан и со глава ја сместил топката во мрежата. До крајот на натпреварот работите за Милан станале уште полоши, кога во 73-тата минута директен црвен картон заради еден остар старт добил Франк Кесие. Резултатот до крајот не се променил и Јувентус победил со 1-0. Ова била 8-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од нивниот противник во овој натпревар Милан кој останал на 7.
Детали од натпреварот
GK 1 Војќех ШченсниRB 20 Жоао КанселоCB 19 Леонардо БонучиCB 3 Џорџо Кјелини LB 12 Алекс Сандро CM 30 Родриго Бентанкур CM 5 Миралем Пјаниќ CM 14 Блез МатуидиRW 10 Пауло Дибала CF 7 Кристијано РоналдоLW 11 Даглас Коста Замени:GK 21 Карло ПинсољоGK 22 Матија ПеринGK 32 Матија Дел ФавероDF 2 Матија Де ШиљоDF 24 Даниеле РуганиDF 37 Леонардо СпинацолаMF 6 Сами Хедира MF 23 Емре Џан FW 18 Моизе КенFW 33 Федерико Бернардески Тренер: Масимилијано Алегри GK 99 Џанлујџи ДонарумаRB 2 Давиде Калабрија CB 17 Кристијан СапатаCB 13 Алесио Ромањоли LB 68 Рикардо Родригес CM 79 Франк Кесие CM 14 Тимуе БакајокоCM 39 Лукас Пакета RW 7 Саму Кастиљехо CF 63 Патрик Кутроне LW 10 Хакан Чалханоглу Замени:GK 25 Пепе РеинаGK 90 Антонио ДонарумаDF 12 Андреја Конти DF 20 Игнацио АбатеDF 22 Матео МусакиоDF 23 Иван СтриниќDF 93 Диего ЛаксалтMF 4 Хосе МауриMF 16 Андреја БертолачиMF 18 Рикардо МонтоливоFW 9 Гонсало Игуаин FW 11 Фабио Борини Тренер: Џенаро Гатузо
Помошни судии: Фабијано Прети Матео Пасери Четврти судија: Марко Ди Бело Резервен помошен судија: Даниеле Биндон Video assistant referee: Марко Гвида Помошен video assistant referees: Џанлука Вуото |}Правила на натпреварот 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Изведување пенали ако резултатот е нерешен Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кој три можат да бидат искористени.
Екипа победник ЈувентусПобедник на Суперкупот на Италија 20188. титула
Погледнете исто така Дерби Јувентус-Милан
Наводи
2018 Суперкуп на Италија 2018 Суперкуп на Италија 2018