Коњот () — голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството коњ (Equidae) која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е друштвено животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.

Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.

Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот Свет.

мини|лево|Пржевалскиев коњ (Equus przewalskii). мини|лево|Коњ во Македонија

Пржевалскиевиот коњ, именуван по рускиот истражувач Николај Пржевалски, се верува дека е единствениот вистински див коњ кој живее и денес. Веројатно изумрел во дивината на Монголија во 1960-тите, но со помош на европската програма за одгледување на овој коњ, популацијата е обновена. Околу 1,100 коњи преживеале до денес како резултат на нивното вдомување во зоолошките градини и парковите на дивината. Пржевалскиевиот коњ бил повратен во националните паркови во Монголија во 1992, каде сега живеат неколку илјади единки.

Физички опис

thumb|right|280п|Арабиски коњ. thumb|Коњи. thumb|Коњите исто така се користат во спортот. Како резултат на намерното одгледување и припитомување од страна на луѓето, коњите имаат изразени варијации во големината, телесната форма и бојата на покривката. Висината на коњот традиционално се мери со раце; една рака е околу 10 cm. Типичните коњи за јавање се околу 14 до 16 раце високи и тежат околу 400 до 500 кг. Најголемиот забележан коњ бил од Белгија, висок 1,8 m и тежок 1.450 кг. Најмалиот коњ е „Палешка“, родена на 1 мај 2001 година, а живее на фармата во близина на Сент Луис, во државата Мисури, САД. Таа е тешка 25 килограми и висока само 45 сантиметри и во 2006 година влегла во Гинисовата книга на рекорди, како најмал коњ на светот. Таа е родена со ретко заболување (дворфизам) и бидејќи имала проблеми со одењето, морало да ѝ се направат специјални копита.„Палешка е најмалиот коњ на светот“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 24.

Коњот има влакнеста покривка и долга грива и опашка. Тешката зимска покривка расте наесен и се митари на пролет. Типични бои на покривката се црна, кафеава, сива, кремаста, златна и бела. Гривата и опашката може да се исто или различно обоени од бојата на телото. Најразличните варијации во бојата можат да настанат од наследни црти кои предизвикуваат дамки, разредување на основната телесна боја или пробивање на бели влакна во покривката. Многу телесни бои имаат специфични имиња, како што е „беж“ (кафеав коњ со црна грива и опашка), „костен“ (црвенкасто кафена со грива и опашка во иста или нешто посветла боја) и „паломино“ (златна со кремасто бела грива и опашка).

Главата на коњот се состои од череп, кој го затвора големиот комплексен мозок, и лице. Очите на коњот се доволно оддалечени од устата, така што тој може да пасе и да внимава на опасноста во исто време.

Внатрешни органи мини|Коњ Коњот има многу ефикасен респираторен и циркулаторен систем кои му овозможуваат да се трка со големи брзини, а притоа да нема недостаток од кислород. Додека се движи, коњот конзумира само еден литар кислород во минута, но при трка, неговиот капацитет за примање на кислород може да наближи до 60 литри во минута. При трка, главата и вратот на коњот се движат горе-долу заедно со секој чекор. Ова движење ги стеснува и шири белите дробови, така што тркачкиот коњ автоматски зема точно еден здив за еден чекор.

Коњот има единечен желудник и голем дигестивен орган наречен цекум, кој формира слепа алеја во делот каде се спојуваат тенкото и дебелото црево. Микроорганизмите кои живеат во цекумот ја разложуваат целулозата, со што овозможуваат таа да се дигерира. Цекумот има споредлива улога со руменот, специјализирана желудочна комора кај преживарите. Коњите не можат да екстрахираат толку енергија како преживарите, но тие се способни за побрза дигестија на храната. Така, еден коњ може да изеде повеќе храна секој ден отколку крава со иста големина. Како резултат на ова, коњите можат да преживеат само со тревестостеблеста храна, која не е доволна за кравите.

Коњот во уметноста и во популарната култура

Коњот често се јавува како тема или лик во литературата, сликарството и во популарната култура. Коњот како тема во книжевноста Во народните приказни, коњот е чест придружник на главниот јунак (вообичаено, принцот или кралот) при што му дава совети и му помага во опасностите. Притоа, коњот има необични својства - знае да зборува, трча со огромна брзина или лета на небото итн.„Сунчана девојка“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 49-68.„Див Рузгјар“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 69-85.„Лепота света“, во: Турске бајке. Београд, Народна књига, 1978, стр. 116-126. На пример, во епската песна „Женидбата на кралот Волкашин“ се споменува коњот Јабучило кој имал крилја кои му излегувале наутро, кога пееле првите петли. Со нив, коњот лесно можел да прелета каде што сакал.„Женидба краља Вукашина“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 65-67. Слично, коњот на војводата Пријезда можел да прескокне и по два бедема.„Смрт Воводе Пријезде“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 234-237. Прославениот коњ на Крале Марко, Шарец, живеел дури 160 години.„Смрт Марка Краљевића“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 229-233.

„Старче, коњче и цар“ — македонска народна приказна.Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10-15. „Коњот Лурџа“ — кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 26-33. „Коњот на воденичарот“ — унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 59-60. „Лисицата и коњот“ — сказна на браќата Грим.Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980. „Што му е најтешко на коњот“ (српски: Шта је коњу најтеже) — српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 42-43. „Девојката побрза од коњ“ (српски: Дјевојка бржа од коња) — српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 103-104.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 162-163. „Халил го бара Мујовиот бел коњ“ (српскохрватски: Halil traži Mujova đogata) — босанска епска песна.Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 165-173. „Приказна за еден коњ“ — кус расказ на рускиот писател Исак Бабел од збирката „Црвената коњица“.I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 53-55. „Продолжение на приказната за еден коњ“ — кус расказ на Исак Бабел од збирката „Црвената коњица“.I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 88-89. „Полицаецот Артур и неговиот коњ Хари“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 27-28. „Коњче од благородна раса“ - песна на францускиот поет Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 122-123. „Дрвени коњи“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 50-51. „Бела грива“ - роман за деца на францускиот писател Рене Гијо.Рене Гијо, Бела грива. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004. „Желба“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 26. „Коњот и магарето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 57. „Магарето и офицерскиот коњ“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 87-88. „Волкот и коњот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 81. „Белиот коњ“ - расказ на канадската писателка Маргарет Етвуд.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 237-259. „Сивиот коњ“ - песна на рускиот поет Леонид Губанов од 1964 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 162-163. „Лицето на коњот“ - песна на рускиот поет Николај Заболоцки од 1926 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 203-204. „Коњче“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980, стр. 8. „Коњите на мојот вујко Димитрије“ (српски: Коњи мог ујака Димитрија) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 113-121. „Шугата, вистинска љубов“ (српски: Шуга, права љубав) - расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 192-196. „Побеснети коњи“ - песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 200-201. „Коњи пред гостилницата“ (хрватски: Konji pred krčmom) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 64. „Убаво однесување со коњите“ (руски: Хорошее отношение к лошадям) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1918 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 101-102. „Коњите на свети Марко“ (српски: Коњи светога Марка) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1976 година.„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121. „Ние, коњите“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 68. „Коњ“ — песна на српскиот поет Васко Попа.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 8. „Црвениот пастув“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 138. „Приказна за коњот“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 56-58. „О коњи, дрвени коњи...“ — песна на Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 141-146-147. „Коњ“ — песна на Пушкин од 1834 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 280. „Летото на убавиот белец“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 5-14. „Со два ата по два пата“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 21.