Свети Кузман и Дамјан — главна и единствена црква во селото Плетвар. Сместена е во крајниот североисточен дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.
Историја Црквата била изградена во 1862 година и била осветена од страна на Преспанско-пелагонискиот митрополит Бенедикт. Внатрешноста на храмот била живописана во 1865 година.„Црква „Св. Кузман и Дамјан“, село Плетвар “. OldPrilep. 14 април 2012.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа и претставува полукружно засводен трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна. Во западниот дел од црквата има галерија подината на кат и затворен трем.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига над самата ограда и на нејзината предна страна се наоѓа влезната порта која од дворот на црквата. Таа има квадратна основа во долниот дел кој е повисок, а над него има помал осумаголен дел во кој е сместено ѕвоното. На секоја од четирите страни во долниот дел има по една монофора, додека осумте страни на вториот дел се отворени. Камбанаријата во целост е обоена во бела боја.
Галерија
Поврзано Плетвар Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Плетвар Плетвар