За други значења, видете Трново (појаснување).

Велико Трново () — град во северниот централен дел на Бугарија и административен центар на општината и Великотрновската област. Градот е историска и духовна престолнина на Бугарија. Поради важното значење за време на Второто бугарско царство, денес Велико Трново често го нарекуваат „Градот на болjарите“.

Потекло на името Најраспространетата теорија за потеклото на првобитното име ТрновградНа средногрчки името било запишувано како Τίρνοβο и Τύρνοβο. е словенската – од старословенското тръневъ, тръновъ, односно „трнлив, трнов“, и градъ – „оградено место, тврдина“, од каде што подоцна се развиле денешните форми на името на градот.Русев, Пеньо, Георги Данчев, Екатерина Сарафова. „Търновска книжовна школа, 1371 – 1971“, Издателство на БАН, 1974, стр. 215.

Географија Местоположба Градот е сместен долж течението на реката Јантра. Во него се вкрстуваат главните патишта кои ја поврзуваат Источна со Западна Бугарија. Низ Велико Трново поминува европскиот транспортен коридор бр. 9.Pan European Corridors

Заедно со населени места (Горна Орјаховица, Љасковец и др.), градот образува агломерација со население од 128.867 жители.Статија во весникот „Борба“ На исток и североисток градот граничи со Арбанашкиот Рид, на север – со месноста Картала, на запад – со месноста Козлуџа, а на југ – со месноста Д’лга Л’ка.

Градот зафаќа површина од 20,4 км²,www.daftlogic.com а неговиот атар зафаќа површина од 30,379 км².

Релјеф Релјефот на Велико Трново е разновиден – рамничарско-ридски и планински. Градот е сместен на 208 метри просечна надморска височина по падините на преубавите клисури и меандри на реката Јантра. Градот е природно заштитен од реката и од карпестите венци кои го опкружуваат.

Велико Трново е расположено на неколку рида. Ридовите Царевец, Трапезица и Момина Тврдина биле главните центри на царевите и болјарите за време на Второто бугарско царство. Во близина на Момина Тврдина, се наоѓаат и ридовите Кортеш и Д’лбоки Трап. Ридот Света Гора бил духовен и книжевен центар, а на дел од него денес се наоѓа зградата на ректоратот на Великотрновскиот универзитет.

Историја Првите траги од населување на ова подрачје, пронајдени на ридот Трапезица, датираат од 3 илјади години пред Христа. Поголема населба настанала на падините на ридот Царевец на крајот на бронзеното време, околу 13 век п.н.е. Во тоа време таму живееле Траки, чија населба опстојала до крајот на железното време. Врвот на просперитетот се датира во периодот од 6 век п.н.е. до крајот на 1 век н.е. Трагите од тогашното римско владеење со текот на времето биле избришани.

мини|Царевец

Потоа Царевец бил населен во периодот на византиското владеење, од 5 до првата половина на 7 век. Таму тогаш бил изграден силно утврден град, кој претставувал потпора на одбранбената линија на Византија на Балканскиот Полуостров. Подоцна, во 8 век, врз урнатините на византискиот град настанала населба, чие економско значење и број на жители систематски растеле во следните векови.

мини|Прогласување на независноста на Бугарија

Во 1187 година било подигнато востанието на Асен и Петар, со кое му се ставило крај на византиското владеење во бугарските земји, а тогашниот Трновград станал престолнина на обновеното царство.

Во златниот период на постоењето на бугарската држава, во 13 и 14 век, Велико Трново било значаен политички, економски и културен центар во Европа. Тогаш работеле познатата Трновска уметничка школа и Трновската книжевна школа, чии организатори и истакнати претставници биле светците Евтимиј Трновски и Теодосиј Трновски.

Златниот период од развојот на градот завршил на 17 јули 1393 година, кога по тримесечна опсада градот бил освоен од Османлиите. Поранешната престолнина била во голема мера уништена, но под османлиска власт градот останал активен центар на бугарската култура, поддржувајќи ги бројните востанија против окупаторите:

Трновските востанија во 1598, 1686 и 1700 година Заверата на Велчо во 1835 година Востанието на капетанот Дедо Никола во 1856 година Бунтот на Хаџи Ставрев во 1862 година Априлското востание во 1876 година.

На 7 јули 1877 година градот бил ослободен, а веќе две години подоцна, од 10 февруари до 16 април 1879 година, бил домаќин на Основачкото собрание, кое во тоа време го подготвило првиот бугарски устав, познат како Трновски устав. На 17 јули 1879 година за шеф на државата бил избран Александар I Батенберг, кој ја примил титулата „кнез на Бугарија“.

Токму во Трново, поради неговата значајна улога во бугарската историја, на ридот Царевец, на 22 септември 1908 година царот Фердинанд го прочитал Манифестот со кој ја прогласил Бугарија за независно царство.

За време на комунистичкото владеење, градот претрпел значителни промени, а се смета дека околу 10.000 жители станале членови на Бугарската комунистичка партија (БКП) до крајот на 1940-тите. Голем број цркви и приватни претпријатија биле затворени, додека главните индустриски гранки биле национализирани. Во почетокот на 1950-тите, градот поминал низ интензивен процес на урбанизација, ширејќи се кон запад. Од истиот период датира и идејата за создавање голема урбана зона во Северна Бугарија, која би ги опфатила градовите Велико Трново, Горна Орјаховица и Љасковец (популарно позната како „Тргољас“). Урбанизацијата продолжила и во текот на 1970-тите, со развојот на машинската, електронската, медицинската, компјутерската и мебелната индустрија во регионот, со што кон градскиот пејзаж биле додадени населбите Акација и Картала.

Во 1965 година, градот, тогаш официјално познат како Трново, бил преименуван во Велико Трново во чест на неговата богата историја и значење.

По падот на Советскиот Сојуз, во 1990 година во градот се одржало VII Велико народно собрание, кое се состанало во истата зграда како и собранието од 1879 година. Тогаш бил изработен новиот устав, со кој се дефинирале основните права во новиот демократски поредок.

Образование Во 1958 година во градот бил преместен и Националниот воен универзитет „Васил Левски“. Тој е една од најстарите и најпрестижните воени образовни установи во Бугарија, чии почетоци датираат уште од 1878 година. Универзитетот подготвува висококвалификувани офицери и цивилни специјалисти во различни воени и технички дисциплини.

Во 1963 година бил отворен Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, како една од големите високообразовни институции во земјата. Покрај високото образование, градот располага и со развиена мрежа на средни училишта, меѓу кои се истакнуваат неколку елитни јазични и математички гимназии со долгогодишна традиција.

Збратимени градови 20px Охрид, Македонија

Галериjа

Наводи

Категорија:Населени места во Општина Велико Трново Категорија:Населени места во областа Велико Трново Категорија:Утврдени населби