Андон (Антон) Димитров Филахтечев (Ајватово, 1867 — Софија, 13 март 1933) — истакнат македонски револуционер и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Потекло и образование лево|мини|300x300пкс|Четврта генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1888/89 год.Прв ред (учители): Ј. Буфети, Б. Димитров, Г. Прличев, Д. Матов, Н. Начов, Д. Хаџииванов, В. К’нчов, Е. ефендиВтор ред (воспитаници): Н. Зарзев, К. Робев, Н. Апостолов, П. Васков, Д. Поптомов, Ј. Игнатиев, И. Хаџимишев, М. ЛучанскиТрет ред (воспитаници): Ј. Гелев, Г. Трајчев, А. Димитров, Г. НиколовАндон Димитров е роден во јануари 1867 година, село Ајватово, тогаш дел од Османлиското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, после студирал право на Вишото училиште во Цариград и на Универзитетот во Лиеж (Белгија).
Учител во Солун
Се вратил во Солун и се вработил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ како учител, таму предавал меѓу 1892-1897 година, а од 1894 година предавал и во турската гимназија во градот. Автор бил на учебници по турски јазик и по географија.
Револуционерна дејност
Основање на Македонската револуционерна организација
На 23 октомври 1893 година заедно со докторот Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев ја основал Македонската револуционерна организација
Димитров бил член на Централниот комитет од самото нејзино создавање, а во 1896 година е реизбран на Солунскиот конгрес, а оваа должност ја извршувал сè до втората половина на 1897 година, по што заминал за Битола.
Борба против Егзархијата
Во периодот меѓу (1897–1899) година бил учител во Битолската егзархиска гимназија. Додека работел како учител во Битола наставниот кадар бил поларизиран на две групи: Егзархисти и симпатизери на ТМОРО, Димитров бил раководител на втората група, а активна улога имал и во училишниот бунт од 26 мај 1899 во Битолската гимназија. Повод за бунтот било барањето на професорот по Историја, Цонев:
Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик.С. Димески, Просветната политика на Егзархијата..., 48-49 На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба.
Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски.
Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло.
Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.
Подоцнежна просветна дејност
Во ноември 1903 година станал директор на егзархиските училишта во Прилеп, а во 1904 година бил избран за член-судија на битолскиот апелационен суд. Како таков го заштитувал месното население (Македонци-егзархисти), а неговите колеги Грци и Турци за него истакнале:
Со влегувањето на младите македонски револуционерни сили во Македонската револуционерна организација, Андон Димитров се нашол во втор план, но по Младотурската револуција повторно се нашол во виорот на настаните.
Младотурската револуција
right|thumb|300п|Основачки конгрес на СБКК во Солун, септември 1908 г.
Во 1908 година Антон Димитров бил посредник меѓу младотурците и битолскиот четнички раководител на Македонската револуционерна организација, Милан Матов, а со помошта на Димитров се постигнал договор за соработка меѓу двете страни за претстојната револуција.
Политичка дејност
По Младотурската револуција учествувал во создавањето на Сојуз на бугарските уставни клубови и на основачкиот конгрес бил избран за претседател.
Димитров влегол во младотурската комисија со докторот Ангел Робев и со двајца Срби, Грци, Турци, Власи и Албанци, оваа комисија имала за цел да ги неутрализира недоразбирањата меѓу народностите во Османлиското Царство.
Подоцна бил предложен за сенатор, но поради антикампањата на Панче Дорев не бил избран. Во 1909 година бил назначен за судија во Константинопол.
Во Бугарија мини|десно|300п|Споменик на основачите на МРО во Скопје. По завршувањето на Првата балканска војна се вратил во Македонија, но новите српски и грчки власти го проследувал и тајно заминал за Бугарија.
Таму ја помагал дејноста на Сојузот на македонските културно-прсоветни благотворителни братства и како нејзин претставник учествувал во тајните преговори меѓу Бугарија и Османлиското Царство, со цел Македонија да добие автономија.
Меѓу 1915-1918 година работел во бугарското министерство за правосудство, а потоа во Министарството за надворешни работи. Во 1920 година бил избран за претседател на Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија, а по расцепот станал член на новоформираниот Федеративен македонски комитет, но по големите делби во македонското ослободително движење се повлекол од активно учество во него.
Во 1922 година предавал турски во Бугарското трговско училиште во Цариград.
Андон Димитров, страдајќи од тешка болест, се самоубива на 13 март 1933 година во Софија.>Петров, Тодор и Цочо Билярски (съст.). ВМОРО през погледа на нейните основатели. Спомени на Дамян Груев, д-р Христо Татарчев, Иван Хаджиниколов, Антон Димитров и Петър Попарсов. София, Военно издателство, 2002, 212 с.Пандев, К. и З. Нонева (съст.). Борбите в Македония и Одринско. 1878 - 1912. Спомени. София, Български писател, 1981, 878 с. (с. 100-120).Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 47.Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 314</ref><ref>Енциклопедия Пирински край, Благоевград, 1995, стр. 272.
Историски погледи
Во македонската историографија неговото дело било долго пребегнувано, а и денес книжевноста за неговиот живот е ретка. Меѓутоа македонските историчари почнуваат да ја истакнуваат неговата историска улога за македонскиот народ, а денес е сметан за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно идејата за создавање на самостојна македонска држава.
Белешки
Извори
Литертаура Борис Николов, Внатрешна македоно-одринска револуциона организација (војводи и раководители 1893-1934), Софија, 2001. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003 МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, СКОПЈЕ 2009
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Основачи на МРО Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Починати во 1933 година Категорија:Македонски општественици Категорија:Луѓе од Ајватово Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Учители во Битолската машка гимназија Категорија:Четврта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија