Наталија Фјодоровна Кравцова р. Меклин (, ; – ) беше командант на лет во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, еден од трите женски воздухопловни полкови основани од Марина Раскова по Германската инвазија на Советскиот Сојуз. Полкот потоа ќе биде познат под името „Ноќни вештерки“, наречен така од страна на германските непријатели. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз во февруари 1945 година, за извршување на 840 мисии, здобивајќи се со значајна слава.

Ран живот Меклин е родена на 8 септември 1922 во Лубни, во тогашна Украинска Советска Социјалистичка Република. Го поминува нејзиното детство и младост во Смила, Карков и Киев. Завршува десет одделенија во Киев во 1940 година.

Пилотска кариера Во 1940 година се придружува кон училиштето за воздухопловна едрилица на Киевската Млада Киевска Палата, подоцна завршувајќи на Московскиот воздухопловен институт во 1941. Во октомври, аплицира за влез во 588. Ноќен бомбашки полк, основан од Марина Раскова; полкот подоцна е преименуван во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк. Во 1942, по завршувањето на военото воздухопловно училиште Енгелс, испратена е на Источниот фронт на Втора светска војна. На 19 години, таа година е распоредена како командант на лет и лета во ноќни бомбашки мисии на Јужниот фронт, Северен Кавказ, 4. Украински и 2. Белоруски фронт со Поликарпов По-2 лесен бомбер.

Кон крајот на војната, Меклин има прелетано 982 ноќни мисии и има фрлени околу 147 тони експлозив над непријателска територија. Додека е поручник, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година. Станува резервен офицер во октомври 1945.

Нејзината слика се појавува на насловната страна на списанието Смена, изданието во мај 1943 година,Журнал «Смена» №383-384, Май 1943 на насловната страна на Комсомолскаја Правда во февруари 1945,Газета «Комсомольская Правда» № 48 (6068) 23 фебраля 1945 како и на многу други воени публикации.Газета «Комсомольская Правда» № 157 (5559) от 6 июля 1943 года.Журнал «Огонек» № 27, 1943 (page 4)Журнал «Североморский Летчик» 7 апреля 1945 №83 (463)

Подоцнежен живот Наталија завршува две години на Московскиот државен универзитет пред повторно да се приклучи кон војската во 1947 година. Од 1948 до 1957 година, студира на Воениот институт за странски јазици и следствено на тоа работи како преведувач пред пензионирање. Станува член на Унијана на Советски писатели во 1972. За подвизите за време на војната, доделени ѝ се Орден на Ленин, два Ордени на Патриотската војна од прва и втора класа, Орденот на Црвеното знаме и Орденот на Црвената ѕвезда, помеѓу другите медали. Неколку училишта се именувани во нејзина чест во Смоленск, Полтава, Ставропол и во други градови. Именувана е за почесен жител на Гдањск, Полска и заедно со нејзината колешка од бомбашкиот полк, Ирина Ракоболскаја, пишува книга насловена Нас называли ночными ведьмами (Нас нѐ викаа Ноќни вештерки) за искуството на полкот за време на војната. On 5 June 2005, she died in Moscow and was buried in Troyekurovskoye Cemetery.

Награди и почести Херој на Советскиот Сојуз Орден на Ленин Три Ордени на Црвеното знаме Орден на Црвената ѕвезда Два Ордена на Патриотската војна Орден на честа Медал на Жуков јубилејни медали

Поврзано

Список на хероини на Советскиот Сојуз Ирина Ракоболскаја Ноќни вештерки

Наводи

Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Советски жени во Втора светска војна Категорија:Женски воени сили на Советскиот Сојуз Категорија:Украинки во Втората светска војна Категорија:Жени пилоти Категорија:Украинки воени пилоти Категорија:Советски жени пилоти бомбери од Втората светска војна Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Офицери на Советските воздухопловни сили Категорија:Луѓе од Лубни Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската војна, прва класа Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската војна, втора класа Категорија:Добитници на Медалот на Жуков Категорија:Закопани на гробиштата Тројекуровскоје Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен