Свети Атанасиј — селска гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во селото Велушина, сместена во ограден простор од старите селски гробишта. Таа се наоѓа во Горното Маало на селото, каде биле закопувани и мештаните од тоа маало.

Архитектура

Претставува мала еднокорабна градба, соѕидана од обичен необработен камен. Во храмот се влегува низ тремот и влезот на западната страна.

Фрескоживопис

Од ѕидното сликарство сочувано е она од нишата над влезот со допојасната претстава на св. Атанасиј.

Во олтарниот простор, односно на источниот ѕид и апсидната конха, претставени се Пресвета Богородица со малиот Христос и светите отци во долниот појас. Лево и десно од апсидата е сочувана претставана на Благовештението, а во малите ниши од жртвеникот и ѓаконикот се Св. Стефан и Св. Роман. Според стилската анализа ова сликарство припаѓа на уметноста од век.

Иконостас

На иконостасот од црквата, преовладуваат престолните икони со претставите на Исус Христос, Св. Јован Крстител и Св. Атанасиј од почетокот на век.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Велушина

Наводи

Надворешни врски

Велушина