Свети Петар и Павле — главна селска црква во битолското село Крстоар, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на влезот во селото Крстоар, односно во Долното Маало. Околу црквата се сместени и селските гробишта, кои биле создадени по изградбата на црквата и двоењето од „грчката партија“, која го држела Крстоарскиот манастир над селото, каде некогаш биле старите селски гробишта.

До црквата води асфалтен пат.

Историја

Од мермерната плоча сместена над главниот влез на западната страна на црквата може да се распознае годината 1890, што се претпоставува дека е времето на изградба на црквата, иако Јован Трифуноски ја споменува годината 1878 година.

Во извршениот мониторинг на црквата од 2022 година, годината на изградба е препознаена како 1890 и запишано е дека црквата била подигната на 29 април 1890 година.

Архитектура

Црквата претставува мала трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна и затворен трем на јужната страна. Врз југозападниот агол на храмот се издигнува мала купола, во која се наоѓа и црковната камбанарија.

Во внатрешноста на црквата се влегува низ нартексот, кој е издвоен од средишниот дел со преграда. Наосот е поделен на три кораби со два реда од по три столбови.

Состојбата на градбата на црквата е задоволителна, додека на останатите градби е лоша. Покривот на црквата е несоодветно изведен, иако е неодамна реконструиран. На црквата се присутни несоодветни елементи како метална врата, под од керамички плочки и стреа од ПВЦ профили.

Фрескоживопис

Фрескоживопис во црквата има на сводот од средниот кораб и во олтарниот простор. Истиот бил насликан во 1896 година и на почетокот на век.

Sидното сликарство во катастрофална состојба, особено во наосот каде итно и сериозно е потребна конзерваторска интервенција.

Иконостас

Иконостасот во црквата е составен од три реда на икони. Престолните икони се дело на Димитар Анастасов од селото Магарево, кои ги работел во 1891 година.

Царските двери, влезните врати во олтарниот простор, како и дел од иконите во горните редови, од 1906 година, се творби на Коста Николов од селото Лазарополе. Негови се и иконите на амвонот, кој е поставен на еден од северниот ред на столбови.

Занимливост

Од неколку престолни икони поставени на иконостасот во црквата може да се дознае дека селото Крстоар кон крајот на век било именувано како Христофор.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Крстоар

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Крстоар