Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана (родена на , ) - македонска поп пејачка и текстописец.

Животопис Таа била водителка на емисијата Рифреш, а според неа, пеењето е уште еден предизвик за неа, и сака да проба нешто што отсекогаш го сакала.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј - потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил "Живеј со прашањето", со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст). Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната "Немам одбрана" и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, влашкиот натпревар "Fantana Di Malama" со песната "Ќе полудам" на влашки јазик, и натпреварот "Марко Поло" во Хрватска.

Бојана издала еден албум наречен "Целосно ти припаѓам". Во 2006, таа настапила на изборот за Евровизија со три песни, што предизвикало шпекулации дека натпреварот е наместен. Во финалето победила Елена Ристеска со песната "Нинанајна". Бојана издала и неколку дуети, вклучувајќи соработка со Ѓоко Танески и со црногорската група "No name" и песната "Моја мала".

Таа студирала на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Била автор и водителка на емисијата "Улица Македонија", која се емитуваше на Телевизија 24 а потоа на Алфа ТВ, која имаше 4 сезони, вкупно 99 епизоди.

Дискографија

Албуми

Целосно ти припаѓам (2005) Во дилема (2008)

Синглови

Живеј со прашањето Око мое Ќе полудам Отплакано најмило мое Немам одбрана Да ми паднеш и на колена Стара добра, боса нова (feat. Ѓоко Танески) Моја мала (feat. No name) Заљубена до крај Кон небото Дилема (feat. Роберт Билбилов & Тони Зен) Зборови

Спотови Спот Година Режисер Око мое Стара нова боса нова Заљубена до крај Немам одбрана Кон небото Светлина на мојот пат Во дилема 2007 Нема јас да сфатам 2008 Зборови лажни 2008 Победио си ти 2011. Дарио ЈанковиќНајмил мој 2015. Томато продукција Овој миг 2016. Круна 2020. Скендеровски ПродукцијаЗад завесите 2022. ALEXANDER Среќа и несреќа 2022. Billy D. Море сокол пие 2022. Дарио ЈанковиќДокажи 2022. Александар Ристовски-ПринцЗаветна 2023. Бојана СкендеровскиЛажни светови 2024. Бојана СкендеровскиЗапејте сите Ангели 2025. Бојана Скендеровски

Наводи

Категорија:Македонски пејачи